Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола
    Македонија

    ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, четири ставени под контрола

    01/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во периодот од 31 август до 1 септември, до 7:30 часот, во земјава се регистрирани вкупно 26 пожари на отворен простор, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

    Од нив, два пожари се активни, четири се под контрола, а 20 се целосно изгаснати.

    Активни се пожарите во Општина Сарај, на потегот од селото Копаница кон Радуша, каде гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, и во Општина Штип, на просторот меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде гори ниска вегетација.

    Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод, кај селата Битово, Заград и Страјане, како и кај селото Драгов Дол. Во првиот случај зафатени се нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат, додека кај Драгов Дол гори ниска вегетација и шума.

    Пожар е ставен под контрола и на градската депонија Острец во Делчево, како и над селото Палиград во Општина Зелениково, каде е зафатена мешана шума.

    Меѓу 20-те изгаснати пожари има интервенции на повеќе локации низ земјава. Пожари биле регистрирани во Гази Баба, Врапчиште, Кичево, Ресен, Прилеп, Долнени, Струга, Чашка, Ново Село, Старо Нагоричане, Боговиње, Желино, Кавадарци и Свети Николе.

    Во најголем дел станува збор за пожари на ниска вегетација, грмушки и стрништа, но на одделни места биле зафатени и борова или мешана шума.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    ЦИА извршила напад со беспилотно летало врз пристаниште на брегот на Венецуела

    (Фото/Видео) Сите мажи поради кои Хали Бери страдаше: Се мажеше три пати, ќе се обиде и четврти

    (Видео) Како никогаш повеќе да не ви се појави пудра на јаката на кошулата?

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.