Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    За две години креиравме 17.000 нови работни места, вели премиерот

    28/08/2026

    „Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот

    27/08/2026

    Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

    27/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Празни клупи и затворени училишта, за една деценија снема безмалку 9.000 првачиња
    Македонија

    Празни клупи и затворени училишта, за една деценија снема безмалку 9.000 првачиња

    25/08/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

     

    Намалениот наталитет и иселувањето на младите од државата, секоја година се причина за сè помалиот број првачиња кои се запишуваат во македонските училишта. Новата учебна година е „зад врата“, а досега, во прво одделение на ниво на држава се запишале околу 14.500 првачиња. Оваа бројка, пред една декада беше 23.266.

    Секоја учебна година, во училиштата се запишуваат сè помалку првачиња, а голем е и бројот на децата кои не го ни дочекуваат крајот на учебната година, бидејќи во меѓувреме, среде учебна година, се иселуваат во друга земја со нивните семејства.

    Во 2016 година во земјава имало 23.266 првачиња, а следната година бројката се намалила на 21.656. Годината потоа во училиште се запишале 22.130 нови деца, а во 2019 бројката била 20.656. Во 2020, на училиште тргнале 21.053 првачиња, а следната година имало 21.158. Бројот од година в година се намалува, па лани, на училиште пошле 17.921 ученик, а годинава оваа бројка изнесува околу 14.500. Сепак, во МОН нагласија дека тоа не е дефинитивниот број затоа што до крајот на септември трае запишувањето на првачиња кои задоцниле на рокот за упис.

    МОН: Годинава се затвораат 26 подрачни училишта 

    Денеска на прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска кажа дека оваа година очекува да бидат затворени 26 рурални училишта во кои нема да има упис на првачиња и во кои, како што рече „наводно учат“ од пет до осум деца.

    „Во моментот имаме околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование. Потенцирам дека тоа се прави со цел да им се овозможи социјализација на учениците, подобар квалитет на образование на учениците, а не изолирано постоење во одредена рурална средина каде што владеат одредени принципи, па и одредени стереотипи, и каде што квалитетот на образованието не може да биде соодветен поради малиот број на ученици. Особено ако станува збор за комбинирани паралелки каде што учат ученици од три различни одделенија, колку што е со закон дозволено“, рече Јаневска.

    Таа појасни дека учење во комбинирани паралелки ќе има само таму каде што ќе бидат приморани, односно ако подрачното училиште се наоѓа на повеќе од 15-20 километри оддалеченост од првото најблиско централно училиште.

    „Ако имаме централно училиште во кое има 200 деца, а на 2,5 километри имаме училиште во кое што има 18 деца, нема логика да ги чуваме овие 18 деца заробени во тоа училиште. Треба да ги придвижиме кон другото“, посочи Јаневска.

    Иселувањето е главен проблем  

    Причина за трендот на намалување на ученици се слабиот наталитет и иселувањето. Како што за Мета.мк објаснува демографот и поранешен директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, од овде си заминуваат претежно млади брачни парови кои имаат деца, или пак, чии деца се раѓааат во странство.

    Ако се анализираат бројките, вредно е да се спомене и разликата од околу 1.000 ученици на почетокот на учебна година споредено со крајот на учебната година. Тоа значи дека во текот на учебната година тие го напуштиле училиштето и се иселиле, вели Герасимовски.

    Тој неколку пати досега има кажано дека е потребно да се направи стратегија за развој на популациона политика, како и стратегија за образование, како решение за ваквата состојба.

    „Ја анализирам и состојбата во другите држави. Светските демографски движења се секаде присутни. Секаде се селат, и во Бугарија, Србија, Албанија. Сепак, потребно е државата посериозно да се позанимава со оваа проблематика“, апелира Герасимовски.

    Минатата година, Мета на 1 септември беше во селото Фурка, општина Дојран, каде што на училиште појде само едно прваче.

    Поврзани вести

    Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

    27/08/2026

    Петре Арсовски е добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ за 2026 година

    27/08/2026

    Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Груевски во случајот „Талир 2“

    26/08/2026
    АКТУЕЛНО

    За две години креиравме 17.000 нови работни места, вели премиерот

    28/08/2026

    „Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот

    27/08/2026

    Почина уште еден заболен од западно-нилска треска

    27/08/2026

    Петре Арсовски е добитник на „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на ДФРМ за 2026 година

    27/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    АВМУ поведе прекршочни постапки против два медиуми заради прекршување на изборниот молк

    (Видео) Чак Норис објави емотивно видео неколку дена пред неговата смрт: „Јас не стареам“

    Путин во посета на Индија, со премиерот Моди ќе бара начин за зголемување на трговијата, по американските санкции

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.