Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со морничав костим: Огромна крвава рака ги ужаснува луѓето

    02/11/2026

    (Фото/Видео) Кејти Холмс повеќе не може да се воздржува: не го пушта својот партнер, кој е осум години помлад од неа

    02/11/2026

    Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

    02/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»„Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот
    Македонија

    „Безбеден град“ отсега ќе ги казнува и мотоциклистите за брзо возење, најави министерот

    27/08/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Тошковски рече дека од вчера е почнато „детектирање и автоматско ловење“ и на мотоциклите онаму каде што е имплементиран „Безбеден град“.

    „Значи, официјално, заклучно со денеска би требало да ги имаме првите бројки на казнети моторџии преку автоматскиот систем на „Безбеден град“. Најдовме технички начин како и тие да бидат констатирани во рамки на сторувањето на прекршокот за возење со недозволена брзина. Претходно беа изрекувани казни само за поминување на црвено. Така што, нека не се изненадат дека ќе бидат предмет на санкционирање од системот „Безбеден град“ оние коишто глумат дека се моторџии и не ги почитуваат правилата, а тоа се прави првенствено заради нивна заштита, а потоа и за заштита на сите останати совесни учесници во сообраќајот“, истакна Тошковски при гостувањето на Сител, посочувајќи дека од шест загинати во сообраќајни несреќи овој месец, четворица управувале мотоцикл.

    „Безбеден град“ засега е имплементиран на коридорите 8 и 10 и на териториите што ги покриваат секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово и Тетово. Соопшти дека наредна ќе биде територијата на СВР Велес (Велес, Кавадарци и Неготино со сите населени места околу овие градови) и таму „Безбеден град“ се очекува да профункционира до средината на септември, а до крајот на идниот месец и во СВР Охрид (Охрид, Струга и Кичево со сите населени места околу градовите). Според планот, следни ќе бидат СВР Струмица и СВР Штип, а се надева дека до крајот на годината „Безбеден град“ ќе биде воведен и на територијата на СВР Битола.

    Тошковски рече дека и за македонските граѓани МВР ќе актвира мобилна апликација „Безбеден град“ за онлајн плаќање за прекршоци, каква што засега е наменета само за автомобили со странски регистарски таблички. Се изненадил, рече, од големиот број прекршоци од странски возачи кои транзитирале низ земјата и нагласи дека казните се применуваат еднакво и за домашните и за странските возачи.

    „За шест дена четворица странски државјани кои требало да управуваат моторно возило со максимум 80 (км на час), го управувале моторното возило со 180. И сега, тие не треба да бидат казнети?! Сега ќе ги казнуваме Македонците кога ќе сторат кривично дело и прекршок, а странците што? Нема да ги казнуваме? Еднаквата примена на законите спрема сите – и спрема домашните, и спрема странците е основен принцип во една нормална демократска држава“, рече Тошковски.

    ​Министерот е задоволен од ефектите на „Безбеден град“ и од тоа што учесниците во сообраќајот се посовесни. Посочи дека од почетокот на 2026 имало 59 жртви во сообраќајот, а во истиот период лани биле 96, што е, рече, намалување за  35 отсто.

    „Како општество треба да сме горди заради тоа што сме направиле драстичен скок на подобрување во сферата на спасување човечки животи. Нема цена ова што го правиме и кое дава резултати. Треба да продолжиме во таа насока и убеден сум дека ако вака продолжиме бројот ќе биде уште помал и дека ќе спасиме уште еден човечки живот повеќе“, додаде министерот.

    ​Очекува да се достигне целта поставена во Националната стратегија за безбедност во сообраќајот 2026–2030, која денеска помина на собраниската комисија за одбрана и безбедност, – во 2030 година за 50 проценти да опадне бројот на смртни случаи како последица на непочитување на сообраќајни правила споредено со 2024.

    „Европската цел е заклучно со 2050 година да имаме нула човечки жртви како последица на непочитување на сообраќајни правила. Ако просекот во Европа е 44 жртви на милион граѓани, а просекот во Македонија е околу 80 жртви на милион граѓани, тоа значи дека во најмала рака двојно сме полоши во губење човечки животи во оваа наша држава“, рече Тошковски.

    Поврзани вести

    Аркин Јахиј од ДУИ е нов градоначалник на Брвеница

    02/11/2026

    НБРМ времено ќе управува со Алта банка Битола, ограничен пристапот до парите, се бара нов купувач

    01/11/2026

    Премиерот Мицкоски замина за Северна Рајна-Вестфалија

    01/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со морничав костим: Огромна крвава рака ги ужаснува луѓето

    02/11/2026

    (Фото/Видео) Кејти Холмс повеќе не може да се воздржува: не го пушта својот партнер, кој е осум години помлад од неа

    02/11/2026

    Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

    02/11/2026

    Аркин Јахиј од ДУИ е нов градоначалник на Брвеница

    02/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Наш приоритет не се изборите

    Заседаваше Советот за безбедност, состојбата во земјата е стабилна и безбедна

    (Видео) Едноставниот црн фустан секогаш во мода, особено кога го носи природно убава жена

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.