Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со морничав костим: Огромна крвава рака ги ужаснува луѓето

    02/11/2026

    (Фото/Видео) Кејти Холмс повеќе не може да се воздржува: не го пушта својот партнер, кој е осум години помлад од неа

    02/11/2026

    Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

    02/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»НБРМ времено ќе управува со Алта банка Битола, ограничен пристапот до парите, се бара нов купувач
    Македонија

    НБРМ времено ќе управува со Алта банка Битола, ограничен пристапот до парите, се бара нов купувач

    01/11/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Само еден ден по уверувањата дека клиентите на Алта банка АД Битола непречено располагаат со своите средства, Народната банка воведе привремена администрација и неделен лимит за одлив од сметките на граѓаните од 10.000 денари. Гувернерот Трајко Славески на денешната прес-конференција соопшти и дека се бара нов купувач за акциите на Алта банка АД Белград, на која ѝ се одзема правото на глас.

    Решението за администрација е донесено денеска, 1 ноември, и веќе е во сила. Управувањето со имотот на банката привремено преминува кај лица именувани од Народната банка. Според Славески, максималниот рок за траење на времените мерки е три месеци, но регулаторот очекува побрзо решение преку продажба на акциите за што веќе имало четири-пет заинтерсирани финансиски институции.

    Мерките следуваат по одземањето на дозволата за работа на Алта банка АД Белград и одлуката дека се исполнети условите за поведување стечајна постапка над српската банка, која е акционер со квалификувано учество во банката во Битола. Алта банка АД Белград ја купи Стопанска банка АД Битола пред една година со амин од Комисијата за хартии од вредност и НБРМ.

    Народната банка нагласува дека домашната банка е високо капитализирана, ликвидна, има солиден квалитет на кредитното портфолио и ги исполнува сите супервизорски стандарди. Според гувернерот, администрацијата се воведува поради случувањата со белградскиот акционер, за да се заштитат имотот на банката и интересите на штедачите.

    „Банката продолжува со работа, има дозвола за работа, но заради заштита на имотот и заштита на интересите на штедачите, неопходни се овие мерки, односно воведување на администрација“, рече Славески.

    За клиентите, сепак, одлуката значи ограничување на располагањето со сопствените пари. Определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица од 10.000 денари, кој може да се користи преку картичките издадени од банката. Одговарајќи на новинарски прашања, Славески појасни дека и плаќањата на сметките влегуваат во овој лимит, додека обврските на клиентите кон самата банка се надвор од него.

    Гувернерот го образложи износот со проценката за секојдневните потреби на граѓаните, повикувајќи се на просечната плата и пензија и на ориентир од околу 40.000 денари месечно.

    Интерните плаќања меѓу сметките на клиентите во рамките на Алта банка, и за физички и за правни лица, остануваат неограничени. Мобилното и електронското банкарство, пак, според Славески, нема да бидат овозможени од утре, туку се работи тие да станат достапни во некој од наредните денови. Тој најави и приспособување на мрежата на филијали, со цел да им се излезе во пресрет на клиентите што имаат депозити, а немаат картички.

    Славески откри дека, заклучно со вчера, од банката биле повлечени околу два милиони евра во готовина и преку други трансфери. Информацијата ја добил од Управниот одбор на Алта банка на денешната средба во 14:10 часот, кога на членовите на УО на банката им биле врачени решенијата на Народната банка. Тој потврди и дека Виза-центарот привремено го суспендирал работењето со картичките, а услугата била повторно овозможена денеска на пладне.

    Овие информации следуваат по вчерашното соопштение на Алта банка Битола дека експозитурите и банкоматите работат во вообичаен режим и дека клиентите можат слободно да располагаат со депозитите, да подигнуваат готовина и да ги извршуваат банкарските трансакции. Народната банка вчера нагласи дека одземањето на дозволата во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на банката во Битола, но посочи и дека ги следи ризиците од сопственичката поврзаност. Денеска тие случувања се наведуваат како причина за преземање на управувањето и за ограничување на одливот на средства.

    Како можно решение, Славески најави продажба на акциите на спрскиот акционер. Според него, интерес пројавиле четири-пет субјекти, меѓу кои домашни финансиски институции и заинтересирани купувачи од странство. Нагласи дека информациите за интересот се неофицијални.

    „Ние го одземаме правото на глас на Алта банка АД Белград, но правото на сопственост останува“, рече гувернерот.

    Српскиот сопственик, според најавата, утре ќе биде известен дека има краток рок да ги понуди акциите на продажба. Ако тоа не го направи, постапката ќе ја спроведе Народната банка, со почитување на законските одредби и правата на акционерите.

    Во однос на сомнежите за трансфери од Србија кон Македонија, Славески тврдеше дека, според сите расположливи информации од почетокот на кризата во белградската банка, нема приливи какви што биле споменувани во јавноста. Тој оцени и дека шпекулациите придонеле за уривање на банката во Белград.

    Гувернерот ја бранеше и претходната согласност за преземањето на битолската банка. Рече дека Алта банка Белград во тој момент имала дозвола за работа, работела нормално во српскиот финансиски систем и ги исполнувала сите проверени супервизорски критериуми за купување на акциите. Кредитокорисниците и натаму треба навремено да ги отплаќаат своите обврски, нагласи Народната банка.

    Инаку кризата со Алта банка АД Белград започна неколку дена по падот на Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ во Србија по четиринаесет години на власт. Народната банка на Србија ѝ ја одзема лиценцата поради сомнителни трансфери во странство. Еден од поголемите акционери во Стопанска банка АД Битола, пак, беше контроверзниот македонски бизнисмен Орце Камчев.

    Поврзани вести

    Аркин Јахиј од ДУИ е нов градоначалник на Брвеница

    02/11/2026

    Премиерот Мицкоски замина за Северна Рајна-Вестфалија

    01/11/2026

    Филипче побара оставка од Славески и истрага за преземањето на Стопанска банка Битола

    31/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Кралицата на Ноќта на вештерките шокира со морничав костим: Огромна крвава рака ги ужаснува луѓето

    02/11/2026

    (Фото/Видео) Кејти Холмс повеќе не може да се воздржува: не го пушта својот партнер, кој е осум години помлад од неа

    02/11/2026

    Илијана Јотова победи на претседателските избори во Бугарија

    02/11/2026

    Аркин Јахиј од ДУИ е нов градоначалник на Брвеница

    02/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Ковачевски против Филипче за дата-центрите во Македонија

    У-16: Македонија ќе одигра два контролни натпревари против Летонија!

    На нас трагедии ни се случуваат затоа што институциите молчат

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.