Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Грант од ЕУ ќе ја финансира третата фаза од железничкиот Коридор 8
    Македонија

    Грант од ЕУ ќе ја финансира третата фаза од железничкиот Коридор 8

    06/08/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Договори за грант од 149 милиони евра преку Инвестициска рамка за Западен Балкан на Европска Унија и по 175 милиони евра кредити од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој беа потпишани денеска за реализација на третата фаза од железничката делница Крива Паланка – почеток на прекуграничен тунел со Бугарија како дел од железничкиот Коридор 8.

    Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека на реализација на проекти се чека повеќе од 30 години, а најважно е што е постигнат договор со Бугарија за да не заврши на половина тунел туку ќе биде функционално решение кое ќе биде додадена вредност за македонската економија.

    „Продолжуваме да го заокружуваме процесот на Коридорот 8. Во делот од реформската агенда можам да кажам дека делот од Скопје до Гостивар, преку Јегуновце и Тетово, ќе биде опфатен во делот на финансирањето со модернизација и електрификација. Претставникот од Европската инвестициска банка спомна и за делот од Коридорот 8 којшто треба да ги поврзе Гостивар – Кичево – Струга – границата со Албанија, но тука мораме да бидеме внимателни со препораките коишто ги даде УНЕСКО. Нас ни е значајно Охридско-струшкиот Регион да остане природно и културно светско наследство коешто ќе биде заштитено од страна на УНЕСКО, рече Мицкоски.

    Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, истакна дека станува збор за еден од најзначајните инфраструктурни проекти за државата и за реализација на стратешката визија Македонија да стане клучна транспортна раскрсница на Балканот. Тој потсети дека договорот со Бугарија бил потпишан минатата година, а минатата недела во Софија се одржал првиот меѓуресорски и меѓувладин состанок, додека вториот се очекува до крајот на месецот во Скопје.

    „Двете држави испраќаат заедничко писмо до Европската Унија, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка, за обезбедување грант средства за изградба на прекуграничниот железнички тунел, кој што сум убеден ќе бидат поголеми од оние за кои досега се зборуваше. Тоа се средства со кои што знаеднички ќе може да се реализира овој проект”, додаде Николоски.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Концерт на Рита Ора во Охрид

    Американскиот Сенат гласаше за отфрлање на царините на Трамп за повеќе од 100 земји

    САД и Македонија постигнаа Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.