Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска
    Регион

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Две лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што утрово околу 7:25 часот се случила на автопатот А3 во Хрватска, во близина на клучката Иванич Град, во правец кон Загреб, пренесува Н1.

    Според информациите од хрватската полиција, во несреќата се превртел автобус со српски регистарски таблички. На местото на несреќата биле испратени итни служби, меѓу кои и пожарникари, а бил ангажиран и хеликоптер на итната медицинска помош.

    Повредените ќе бидат пренесени во болниците во Загреб. Засега не е соопштен точниот број на повредени, ниту колку од нив се здобиле со потешки повреди.

    „Утрово, 8 ноември, околу 7:25 часот, на автопатот А3, на 61. километар во правец кон Загреб, непосредно по клучката Иванич Град, дошло до превртување на автобус со српски регистарски ознаки, при што две лица загинале. Повеќе лица се повредени и ќе им биде укажана лекарска помош во болниците во Загреб. Сообраќајот е забавен и се одвива по левата сообраќајна лента. Увидот е во тек“, соопштила полицијата.

    Поради несреќата, сообраќајот на овој дел од автопатот се одвива забавено, само по левата лента. Полицијата врши увид за да ги утврди причините и околностите под кои дошло до превртувањето на автобусот.

    Засега не се објавени дополнителни информации за идентитетот на загинатите и повредените.

    Поврзани вести

    Уапсен е Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик и главен уредник на српскиот „Информер“

    25/11/2026

    Ученик пукал во средно училиште во Крагуевац, повредени две лица

    24/11/2026

    Во Босна и Херцеговина децата со Даунов синдром учат безбедно да го користат интернетот преку видеоигра

    23/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026

    Од 1 декември поскапува парното во Скопје

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Продолжува со глупостите: Нејмар на тренинг се степал со својот соиграч Робињо Жуниор!(ФОТО)

    За ВМРО-ДПМНЕ одлуката за домашен притвор за Груби е на обвинителството, за СДСМ тоа е потврда за договор

    Светот го слави враќањето на Нејмар на Светското првенство

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.