Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците
    Македонија

    Јаневска: Во понеделник конечна одлука за незаконските уписи на постдипломците

    24/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Министерката за образование и наука Весна Јаневска најави дека Министерството ќе донесе конечна одлука за случајот со незаконски уписи на втор и трет циклус студии во понеделник, по разгледување на извештајот од Државен просветен инспекторат. Таа истакна дека институциите немаат избор и мора да постапуваат согласно закон, иако го разбира незадоволството кај студентите.

    „Постои закон по кој студентите требало да бидат запишани на втор и на трет циклус студии. Државниот просветен инспекторат вели дека тој закон е прекршен. Мене ми е многу жал за тоа што им се случува, но кога се запишувале на втор и трет циклус некој требало да им каже и тие самите да проверат каде се запишуваат“, изјави денес Јаневска.

    Според инспекторатот, студенти биле запишани на магистерски и докторски студии иако имале завршено тригодишни стручни, а не академски студии. Веќе се поништени уписите на 11 студенти од кои седуммина биле запишани на магистерски и четворица на докторски. Статусот на осуммина кои магистрирале останува нејасен.

    Министерката најави и откривање на дополнителни, посериозни неправилности во одредени институции, за кои ќе се постапува законски, а одговорноста ќе ја утврдат надлежните органи.

    „Многу бргу ќе слушнеме уште една, многу покрупна неправилност од оваа, која ќе ја изненади целата македонска јавност. Има многу неправилности во одредени институции, не во сите, и за нив ќе се постапува по закон“, нагласи Јаневска.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Муцунски-Грлиќ Радман: Со Хрватска нè поврзуваат блиски односи, доверба и сојузништво во рамки на НАТО

    Промоција на книгата „Од Црвенкапа до Џинџуџе“ од Весна Мојсова – Чепишевска во КИЦ Скопје

    СДСМ со 10.000 амандмани против Изборниот законик, Мицкоски повика на договор

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.