Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Муцунски-Грлиќ Радман: Со Хрватска нè поврзуваат блиски односи, доверба и сојузништво во рамки на НАТО
    Македонија

    Муцунски-Грлиќ Радман: Со Хрватска нè поврзуваат блиски односи, доверба и сојузништво во рамки на НАТО

    01/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На средбата, како што соопшти МНРиНТ, двајцата соговорници се согласиле дека оваа средба претставува потврда на интензивниот политички дијалог и конструктивната соработка што двете земји ја негуваат повеќе од три децении, а се реализира во пресрет на потпишувањето на меѓувладиниот Договор за стратешка соработка, кој се темели на европските вредности, континуирано градената доверба и заемното почитување.

    „На линија на искажаното задоволство од позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, беше нагласен заемниот интерес за продолжување на политичкиот дијалог и соработката на највисоко ниво, со посебен акцент на унапредувањето на економската соработка, модалитетите за продлабочување на трговската размена, како и проширувањето на соработката во повеќе области“, стои во соопштението на Министерството.

    Воедно, како што додаваат оттаму, од наша страна била реафирмирана благодарноста за хрватските ставови околу неопходноста од продолжување на процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, а беше изразена и нашата подготвеност за користење на хрватското искуство на патот кон полноправното членство во Европската Унија.

    „Министрите се согласија дека одржувањето на зајакната координација како сојузници во рамки на НАТО претставува врвен надворешнополитички приоритет, кој се покажува како ефективен механизам за усогласување на ставовите, зајакнување на меѓусебното разбирање и зголемување на придонесот кон регионалната и евроатлантската безбедност, при што беше акцентирано дека обете држави остануваат посветени на почитување на вредностите и принципите на Алијансата“, се додава во соопштението.

    Средбата била искористена и за размена на мислења за актуелни теми од меѓународните односи, регионалните случувања, како и за внатрешно-политичките и економските состојби во двете земји.

    Во изјава за медиумите, министерот Муцунски истакнал дека со Хрватска нè поврзуваат блиски односи, доверба, сојузништво во рамки на НАТО и заедничка европска визија за регионот, при што уште еднаш беа потврдени традиционално добрите односи, засновани на меѓусебна почит, отворен дијалог и конкретна соработка.

    Тој нагласил дека разговорите биле посветени на повеќе прашања од билатералната агенда, со посебен акцент на претстојното потпишување на меѓувладиниот договор за стратешка соработка, чија цел е создавање модерна и функционална рамка за поинтензивна, структурирана и сеопфатна соработка меѓу двете земји.

    Во таа насока, било потенцирано дека договорот треба да претставува практичен инструмент за унапредување на економската соработка, институционалната размена, користењето на европската експертиза и обезбедување конкретни придобивки за граѓаните.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сиљановска-Давкова: Фестивалот „Игор Маџиров“ уште еднаш покажа и докажа дека театарската моќ допира до сите генерации

    (Фото/Видео) Бред Пит разочара со стајлингот, но неговата девојка ја спаси ситуацијата

    Зелен хуман град: Македонија не е депонија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.