Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Пет обвиненија за убиство, австралискиот војник Бен Робертс-Смит се суди за воени злосторства
    Свет

    Пет обвиненија за убиство, австралискиот војник Бен Робертс-Смит се суди за воени злосторства

    18/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Австралискиот воен ветеран Бен Робертс-Смит за првпат се појави пред суд по обвиненија за воени злосторства, вклучително и пет точки за убиство, поврзани со неговото учество во мисиите во Авганистан, пренесува Би-би-си Њуз.

    Робертс-Смит, најодликуваниот војник во Австралија, се појави преку видеолинк во судница во Сиднеј, додека нови судски документи откриваат сериозни обвинувања дека убивал затвореници, наредувал егзекуции и прикривал докази.

    Според обвинението, 47-годишниот поранешен припадник на специјалните сили (SAS) се товари дека убил авганистански затвореник со инвалидитет, оттурнал врзан затвореник од карпа, наредувал нови војници да извршуваат убиства како дел од практика позната како „раскрвавување“ („blooding“), како и дека поставувал предмети кај жртвите за да ги оправда убиствата.

    Според обвинителството, на 12 април 2009 година, австралиски војници пронашле двајца мажи, татко и син, во комплекс во Авганистан. Едниот од нив, кој имал протетичка нога, наводно бил извлечен надвор од комплексот, фрлен на земја и застрелан повеќепати од Робертс-Смит.

    Потоа, како што се тврди, тој му наредил на помлад војник да застрела друг затвореник, што било дел од неформална практика на „раскрвавување“ во единицата.

    Во друг случај, во септември 2012 година, за време на потрага по бунтовник, Робертс-Смит наводно физички малтретирал затвореници, по што едниот го оттурнал од карпа. Откако паднал и бил повреден, обвинителството тврди дека затвореникот бил застрелан. Се наведува и дека покрај телото бил поставен радио-уред за да се создаде лажна слика дека станува збор за легитимна цел.

    Во друг инцидент, обвинителството тврди дека Робертс-Смит наредил егзекуција на двајца затвореници, а потоа фрлил граната за да се прикрие убиството како борбена акција.

    Робертс-Смит ја напушти активната служба во 2012 година, а војската формално ја напушти во 2015 година. Набргу потоа започнаа истраги за можни воени злосторства, по што тој беше именуван како осомничен во повеќе случаи.

    Тој претходно покрена и тужба за клевета против медиуми кои известуваа за обвинувањата, но ја загуби. Во своето сведочење, Робертс-Смит негираше дека ги прекршил правилата на војување или дека некогаш убил затвореник.

    Обвинителството наведува дека во сите случаи жртвите биле врзани, испрашувани и убиени во ситуации кога австралиските сили имале целосна контрола, без активни борби.

    Судењето, кое се очекува да биде едно од најзначајните во историјата на Австралија, допрва треба да започне.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    СЗО предупредува дека деца и бремени жени страдаат од неухранетост во Газа

    Независните иницијативи побараа да учествуваат во креирањето на Изборниот законик

    Mobile Marketing is Said to Be the Future of E-Commerce

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.