Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Цариниците откриле криминал со увоз на Мецедес Мајбах, буџетот оштетен за 1,9 милиони денари
    Македонија

    Цариниците откриле криминал со увоз на Мецедес Мајбах, буџетот оштетен за 1,9 милиони денари

    17/03/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Одделението за истраги, при Секторот за контрола и истраги, откри организиран криминал во кој луксузно употребувано возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година било пуштено во слободен промет и успешно регистрирано со помош на фалсификувани документи со што буџетот бил оштетен за 1,9 милиони денари, соопштија во Царинската управа.

    Оттаму информираат дека била спроведена опсежна истрага и форензичко вештачење на уреди, по што до ОЈО ГОКК е поднесена кривична пријава против две правни и седум физички лица за фалсификување исправа, фалсификување службена исправа, злоупотреба на службена положба и овластување, како и несовесно работење во службата.

    „Увозникот, првоосомничен го набавил возилото во Германија и го внел во државата, по што се упатил кон царински терминал за спроведување на постапката за царинење. Царинскиот застапник, управител во шпедиција, второосомничен, со умисла да бидат наплатени помали увозни давачки изготвил фалфисикувана фактура со пониска вредност и фалсификуван доказ за потекло со што би се овозможил преференцијален третман, односно царината да биде ослободена од плаќање. Потоа ги лажирал и останатите документи при што во делот на регистарски таблички ги внел оние што биле во важност пред увозникот да го купи возилото во Германија, а податоците за увозникот ги изменил со други. При увозно царинење на возилото наместо 3,9 милиони денари биле наплатени два милиони денари и со посредство на тројца царински и еден полициски службеник, возилото со фалсификувани документи било пуштено во слободен промет и регистрирано“, се наведува во соопштението од Царина.

    „Царинските службеници опфатени со кривичната пријава, се товарат за слични дела и во други кривични пријави поврзани со увози на автомобили и истите се отпуштени од работа лани. По однос на утврдените избегнати давачки во конкретниот случај, изготвено е решение за дополнителна наплата, при што наплатени се 2,5 милиони денари, од кои 1,9 на име на основен долг и 600 илјади денари на име на камати“, се додава во соопштението.

    Оттаму додаваат дека Царинската управа започнала со опсежни истраги на увози на автомобили во октомври 2024 година.

    „Во период од година и пол одделението за истраги при секторот за контрола и истраги до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе вкупно 51 кривична пријава против 110 правни и 396 физички лица за криминал поврзан со 180 употребувани возила. Станува збор за кривични дела извршени во периодот од 2022 до 2024 година, со кои е нанесена директна штета врз Буџетот во износ од 41 милион денари“, информираат оттаму.

    Поврзани вести

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Mицкоски: Граѓаните не сакаат предвремени избори но ако опозицијата побара нема да седиме настрана како кукавици

    20/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026

    Вандали корнеле и сечеле со брусалица столпчиња за маркација на Шар Планина

    21/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Зрелата и чувствителна кожа ќе ви биде благодарна: нов тренд во чистењето на лицето што ќе го обожавате

    Утрово почнува предавањето на израелските заложници во Газа, ќе ги преземе Црвениот крст

    Од јануари до јули годинава Македонија ја посетиле 730.793 туристи

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.