Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Мицкоски: Нашиот фокус се редовни парламентарни избори во 2028 година
    Политика

    Мицкоски: Нашиот фокус се редовни парламентарни избори во 2028 година

    12/03/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Мицкоски во интервју за Ора24.тв. на прашањето дали ќе има предвремени избори, нешто што опозицијата го споменува во повеќе наврати, нагласи дека приоритет на Владата се реформите и нивно испорачување за граѓаните.

    „Граѓаните, меѓународната заедница и ние во Владата сме фокусирани на реформи и испорака за граѓаните. Тоа претставува наш приоритет. Фројд кога работи во опозицијата е повеќе од страв и сега тие тоа повеќе го артикулураат од страв дека знаат каков дебакл ќе доживаат и на следните парламентарни избори, дека ќе изгубат и сметам дека на следните избори ќе имаат и полош резултат од тој што го имаа во 2024 година, кој што беше историски најнизок резултат, кој што потоа го потврдија на локалните избори. Оваа година, нашиот фокус е во консолидирање и економски раст на државата. Иако имаме многу предизвици, зборувавме на почетокот, ние сме само тука фокусирани и концентрирани и се фокусираме на редовни парламентарни избори што ќе се случат во 2028 година“, истакна Мицкоски.

    Тој нагласи дека ќе сторат се што е нивна моќ за да ја одржат кохезијата во рамки на Владата, нагласувајќи дека имаат мнозинство, дека Владата е стабилна и имаат 61 пратеник во Парламентот.

    Реконструкција на Владата најави за мај-јуни, нагласувајќи дека во моментот е фокусиран на партиската структура и доекипирањето, кое треба да се направи и кое очекува да заврши до крајот на април.

    На прашањето дали има политичка партија, која чека да влезе во Владата, без разлика дали станува збор за ДУИ, Алијанса на Албанците на Зијадин Села, на Арбен Таравари, Мицкоски одговори дека имаат исклучително квалитетни односи во рамки на владината коалиција и оти во овој момент не се заинтересирани за промена на нејзината структура.

    Мицкоски рече дека тој не може да говори во име на некој друг дали е заинтересиран и нагласи дека тој може да даде оценка за состојбата во коалицијата, како претседател на најголемата политичка партија во неа.

    Во однос на последните случувања во Вреди со изразите на незадоволство кај министерот Фатмир Лимани, па потоа кај вицепремиерот Арбен Фетаи, Мицкоски одговори дека неговиот личен став е познат, а тоа е дека обединувањето во еден политички субјект ќе генерира стабилност во рамки на Вреди, но додаде дека во рамки на владината коалиција имаат исклучително коректна соработка, нагласувајќи дека не сака да ги коментира ставовите кои се артикулират преку социјалните медиуми.

    За случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби и дали од него се добиени информации за евентуални нелегални активности и кој повеќе треба да се плаши од него – СДСМ, ДУИ, Вреди, Мицкоски рече дека треба да му се даде време на времето, но и дека смета дека листата е долга.

    „Во интерес на истрагата и тие информации што ги имам, не би сакал премногу длабоко да навлегувам во чувствата на поединечни сегашни и поранешни политичари, но не треба никој да се плаши ако не направил нешто спротивно на законот. А треба да се плашат сите оние, кои што направиле нешто спротивно на закон, без разлика на кој политички дрес му припаѓаат“, нагласи Мицкоски.

    Во однос на обвинувањата од опозицијата за мигрантите, Мицкоски истакна дека нема покредибилен извор од амбасадорот на Обединетото Кралство, кој, како што рече, самиот кажал дека ниту имало, ниту има, ниту ќе има преговори на тема мигранти од Обединетото Кралство кои би биле прифатени тука.

    „За да не бидам погрешно сфатен, не само што нема да има мигрантски кампови, туку нема да има никаква опција и во однос на тие што ги нарекуваат „failed asylum seekers“, односно неуспешни апликанти за азил. Нека најдат еден таков случај, тогаш ќе излеземе јавно и ќе се извиниме. Но нема поголема кредибилност од самиот амбасадор, кој јасно рече дека такво нешто нема“, нагласи Мицкоски.

    Поврзани вести

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Муцунски – Берсе: Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е од особена важност

    01/09/2026

    Димитриевски: Коалицијата и на централно и на локално ниво функционира

    01/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Во Собранието денеска се изменети 40 закони и донесена е Стратегијата за безбедност на сообраќајот 2026-2030

    03/09/2026

    Градот Скопје и осум општини добија 49 нови комунални возила

    03/09/2026

    Околу 20 милиони деца на возраст до 17 години биле изложени на барем една форма на сексуална злоупотреба со помош на технологија

    03/09/2026

    Голема акција на МВР за сузбивање на финансиски криминал, претреси на повеќе локации

    03/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Јубилејно 50. издание на Млад Отворен Театар во МКЦ од 19 – 25 ноември

    ТРЕНЕР НА ПОЛУСЕЗОНАТА: Гоце Седлоски (Вардар)

    Ханси Флик се “загрева“ пред Ел Класико следната сезона: “Подготвен сум за Мурињо!“(ФОТО)

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.