Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Димитриевски: Груби требаше да оди таму каде што е пропишано – во истражниот затвор Шуто Оризари
    Македонија

    Димитриевски: Груби требаше да оди таму каде што е пропишано – во истражниот затвор Шуто Оризари

    02/03/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во гостување на ТВ Сител, Димитриевски истакна дека ЗНАМ има одлични односи со коалициските партнери, дека со премиерот сè уште не разговарал за реконструкција, ниту за ресори, ниту за конкретни имиња, како и дека е апсолутно задоволен од двајцата свои министри, за правда и за јавна администрација, кои како што напомена, се максимално посветени на реформите.

    Димитриевски е дециден дека ЗНАМ нема да прифати учество во влада, чиј составен дел би била сегашната, како што истакна, „нереформирана ДУИ“.

    „Граѓаните мора да се исти пред законот, а Македонија како држава треба да се постави многу сериозно пред сите предизвици и не смееме да гледаме репризи. За преседанот со Груби, министерот испрати јасна порака до судско-обвинителската власт зашто видовме дека се случи реприза на многу такви случаи во минатото. Ако имате личност која побегнала од државата, а во меѓувреме известувала дека отишла да се прошета и ви се враќа по месеци, нездозволиво е да ја ставите во куќен притвор, а од друга страна да гледате луѓе во притвор за многу мали квалификации на кривични дела“, порача Димитриевски во врска со барањето на министерот за правда, Филков, МВР и АНБ да дадат јавна информација како процениле дека Груби не е безбеден во притвор.

    Според претседателот на ЗНАМ, имало недоразбирање на релација институција за одржување притвор и безбедносните служби и за тоа тие треба да дадат јасен одговор, а министерот постапил согласно своите овластувања.

    „Видовме само една реприза – играње тенис пред јавноста, судот се повика на обвинителството, а обвинителството на судот. Груби моментно е во куќен притвор, седи дома и си пие чај. Дали јавноста се согласува со такво нешто или не? Ако ние сме држава што не можеме да обезбеди безбедност на некој граѓанин, тогаш се поставува сериозен знак прашалник дали можеме да гарантираме безбедност на поединец што е на функција. Неприфатлив е ваков одговор. Груби требаше да оди таму каде што е пропишано – во истражниот затвор Шуто Оризари, но не сакам да се впуштам во коментирање судска одлука. Во државата мора да има правда и за Груби, и за секој друг поединец. Груби побегна во странство за да си даде луфта од 14 месеци, па се врати. Првично обвинителот предложил и доставил докази за одлуката куќен притвор, тука се и безбедносните служби. Јас немам увид во документацијата, но постојат институции и личности кои можат да ги добијат доказите, едни од нив се РСС и Советот на јавни обвинители“, рече Димитриевски.

    За евентуални предвремени избори, тој рече дека ова прашање треба да му се постави на премиерот.

    „Ние сме секогаш подготвени за избори, но ќе си ја премиериме нашата тежина“, порача Димитриевски.

    Во врска со случувањата на Блискиот Исток, претседателот на ЗНАМ смета дека има и допрва ќе следуваат еконосмки последици.

    „Ние треба да се држиме до партнерите во НАТО и нашите стратешки партнери и да ги заштитиме нашите граѓани во регионот на Блискиот Исток. Јас, како градоначалник одржувам редовни контакти со нив“, истакна Димитриевски.

     

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Легенда на МЗТ Скопје ќе го предводи Гостивар

    Земјите од Западен Балкан заеднички ќе работат на заштита на биодиверзитетот и обнова на деградирани екосистеми

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.