Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    19/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Стразбур утврди повреда на права за напад врз затвореник во Идризово
    Македонија

    Стразбур утврди повреда на права за напад врз затвореник во Идризово

    26/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права информираат дека на 26.02.2026 година Европскиот суд за човекови права донесе одлука по пат на унилатерална декларација во предметот Фитим Муслиу против Северна Македонија (апликација бр. 43315/22), поднесена на 30 август 2022 година.

    Предметот се однесува на настан од 3 август 2020 година, кога осудено лице било физички нападнато и тепано од припадник на затворската полиција пред кантината во КПД Идризово. Како последица на нападот, апликантот се стекнал со телесни повреди.

    Во врска со настанот беше поднесена кривична пријава до ОЈОГОК против командир на затворската полиција во КПД Идризово за кривичните дела „Мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување (член 142 став 1 од КЗ), Малтретирање во вршење на службата (член 143 од КЗ) и Расна и друга дискриминација (член 417 став 1 од КЗ). Кривичната пријава беше отфрлена, по што беше поднесена жалба до Вишото јавно обвинителство, кое го потврди решението на ОЈОГОК.

    Пред Судот во Стразбур, апликантот се жалеше на повреда на член 3 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), тврдејќи дека бил изложен на нечовечко постапување од страна на затворски службеник и дека домашните власти не спровеле ефективна истрага за наводите.

    Во доставената унилатерална декларација, Владата призна дека имало повреда на правата на апликантот гарантирани со Европската конвенција за човекови права. Апликантот укажа дека не биле конкретизирани мерките за обезбедување во согласност со Конвенцијата, ниту биле предвидени активности за надминување на структурните проблеми поврзани со нечовечко постапување и неефикасни истраги во затворите. Судот посочи дека оваа одлука не ја ослободува државата од обврската да спроведе истрага во согласност со барањата на Конвенцијата, имајќи го предвид признанието на повредата на правата заштитени со член 3 од ЕКЧП.

    Оштетениот беше застапуван од адвокат Диме Ѓорчевски од Скопје, член на тимот на адвокати на МЗМП. Предметот беше воден во рамки на проектите „Елиминација на тортурата и нехуманиот третман во затворите и установите за лишување од слобода “ и „Борба со тортурата и нехуманиот третман“, поддржани од Европската Унија, а имплементирани од Македонското здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

    Поврзани вести

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026

    Амбасадорките на Германија и на Холандија, Дрекслер и Џанел, разговараа со земјоделци од Струмица

    18/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    19/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    „Голема церемонија на кинеската вештачка интелигенција 2026“ започна во Шангај

    Во Куманово владеjачката коалиција има мнозинство во Советот, втор круг за градоначалник

    Сопственикот на ТикТок ги потпиша договорите со американски инвеститори за да избегне забрана во САД

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.