Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Најнеодлучните луѓе на планетата се родени во овие 4 хороскопски знаци

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Спорт»Штипјани заминуваат за Норвешка: Не се плашиме од дебито на евро-сцената, мотивирани сме
    Спорт

    Штипјани заминуваат за Норвешка: Не се плашиме од дебито на евро-сцената, мотивирани сме

    11/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонскиот одбојкарски освојувач на Купот, екипата на Штип УГД денеска патува за Норвешка, каде утревечер ќе го одигра својот деби натпревар на европската клупска сцена. Штипјани кои во последните две сезони покажаа рапиден напредок на домашната сцена, годинава решија да се обидат и на европската, со учество во третото по ранг ЦЕВ натпреварување, Челинџ Купот.

    Ждрепката сакаше нашиот вицешампион во првата рунда од квалификацискиот дел за противник да го добие непознатиот норвешки состав Кол Ил. Следејќи ги приликите, Штип ИГД се надева дека предноста на реваншот на домашен терен може да биде и пресуден на патот да се помине првото коло.

    „Со нетрпение го очекуваме нашиот прв европски натпревар. Оптимисти сме во двомечот против Кол Ил, од причина што и на двете екипи ова е прв настап на европска сцена. Екипата на Кол е доста искусна екипа составена од квалитетни домашни играчи. Играат доста дисциплинирана скандинавска одбојка. Нашата екипа, иако доста помлада во однос на противничката е составена од домашни репрезентативци и две странски засилувања, сите со меѓународно искуство, секогаш мотивирана и спремна да се докажува што повеќе, па оттаму сметам дека шансите се 50-50 за двете екипи. Патуваме комплетни. Играчите се спремни и здрави“, ни изјави пред заминување, стратегот на вицешампионот, Кристиан Ристески.

    Натпреварот во Осло утре е закажан со почеток во 19 часот. Реваншот ќе биде следната недела во салата „25 Мај“ во Радовиш.

    Поврзани вести

    Одбојкарите сериозно ослабени го очекуваат првиот меч со Холандија

    02/06/2026

    Охрид „гореше“ во името на историската европска титула (ФОТО)

    02/06/2026

    ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА и годинава поддржувач на Спортски игри Велес

    01/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Најнеодлучните луѓе на планетата се родени во овие 4 хороскопски знаци

    19/10/2026

    Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ одат во втор круг на изборите во Брвеница

    19/10/2026

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Од целосно затворање до растојание од 500 метри, како ВЛЕН се „коцкаше“ со ветувањата кон граѓаните

    „Парусион“ во МКЦ: Авторски фјужн звук во срцето на живиот ритам

    Министерот Љутков: Македонија останува посветен партнер во остварувањето на мисијата на УНЕСКО

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.