Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Девет амбасадорски имиња предложени на седница на Владата

    17/02/2026

    Сиљановска Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО важни во време на безбедносни предизвици

    17/02/2026

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица
    Македонија

    Општина Кисела Вода ги отфрли обвинувањата на иницијативата „Стоп за Усје“ за мерната станица

    17/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Општина Кисела Вода реагираше на обвинувањата што денеска ги изнесе иницијативата „Стоп за Усје“, која тврди дека општината ги крие податоците од мерната станица за квалитет на воздухот поставена во кругот на цементарницата „Усје“.

    Од Општината соопштија дека ги демантираат наводите и дека мерната станица „работи исклучиво во интерес на јавноста“, а измерените вредности се јавно достапни.

    Во реакцијата, Општина Кисела Вода наведува дека техничките карактеристики на станицата во моментов не дозволуваат директна интеграција во надворешни апликации „на начинот на кој се бара“, поради што, како што велат, податоците се ажурираат секојдневно на официјалната веб-страница на општината.

    Претходно, „Стоп за Усје“ побара станицата да функционира со цел капацитет, да се интегрира во јавни апликации и да овозможи мерења во реално време, посочувајќи дека ова е важно и поради барањето на цементарницата за нова еколошка лиценца.

    Од иницијативата тврдат дека уредот што, според нив, бил поставен во 2024 година поддржува онлајн пренос и API, но дека граѓаните гледаат само дел од информациите што се објавуваат.

    Општината, пак, наведува дека за техничките ограничувања им било објаснето на претставниците на иницијативата и додава дека останува отворена за соработка, предлагајќи претставници на „Стоп за Усје“, заедно со стручен тим, да извршат увид „на лице место“ за точноста на податоците.

    Поврзани вести

    Избор на државен обвинител: Четворица од пет кандидати добија позитивно мислење

    17/02/2026

    Прашина со тешки метали на отворено зад „Макстил“: ризик за воздухот, почвата и водите

    17/02/2026

    ССМ даде рок до крајот на февруари да се зголемат платите или во март ќе се случи генерален штрајк

    17/02/2026
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.