Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    14/09/2026

    Од отворените податоци до е-општините: како Партнерството за отворено власт ја прави Северна Македонија подигитална и потранспарентна? 

    14/09/2026

    (Фото/Видео) Беше и останува најубава: тешко дека некој ќе ја надмине Марија Шарапова

    14/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Митинзи во Кратово, Ресен, Битола… последни четири дена од кампањата
    Политика

    Митинзи во Кратово, Ресен, Битола… последни четири дена од кампањата

    14/10/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе има митинзи и средби со граѓани во општините Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка. Кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски ќе одржи прес-конференција.

    Опозициската СДСМ денеска попладне ќе ги посети скопските општини Сарај и Чаир. Вечер караванот на СДСМ ќе биде во општините Новаци, Ресен и Битола.

    Претставници на Вреди ќе имаат средба со Стопанска комора на северозападна Македонија.

    Претседателот на Левица Димитар Апасиев, кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ и носители на листи и кандидати за советници ќе имаат средби со граѓани во Кисела Вода.

    Прес-конференции ќе одржат потпретседателот на ДУИ Арбер Адеми и кандидатот за градоначалник на Сарај Блерант Рамадани, како и независниот кандидат за градоначалник на Скопје поддржан од граѓанската платформа Независни заедно Горан Марковски.

    Независниот кандидат за градоначалник на Аеродром Владимир Михајловски – Лепак и носителот на советнилката листа Димитар Кулибанов- Мицо денeс во 11 часот ќе имаат средби со жителите на Ново Лисиче пред ТВ ЛИСА.
    Независниот кандидат за градоначалник на Скопје професорот Александар Рашковиќ и Сунита Сали од советничката листа во 13,30 ќе имаат средби со жителите на Шуто Оризари пред пазарот во Шутка.

    Партиите во текот на вчерашниот ден пред граѓаните ги презентираа своите проекти за подобрување на инфраструктурата, за социјална сигурност на граѓаните, поддршка на младите, развој на туризмот, земјоделството, грижа за секое населено место.

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митингот во Велес истакна дека однесувањето на СДСМ  и Венко Филипче го покажува нивното потценување на народот и вистинскиот ефект од нивното однесување ќе се види на претстојните локални избори, кога народот ќе го каже своето мислење за нивните непроменети лаги.

    На митингот во општина Чашка, Мицкоски подвлече дека изминале седум тешки години кога претходната влада на СДСМ и ДУИ, како што рече, создаваше хаос, уривања, поделби и многу криминал и тие години на апатија и безнадежност народот не ги заборава, колку и денес да се трудат ова време да се заборави.

    Претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир во Кочани порача дека ниту еден политичар не може да оди со крената глава во овој град.

    „Во Кочани никој, ниту еден политичар не може да оди со крената глава. Со крената глава не се оди кај луѓето кои со месеци бараат правда. Со крената глава не се оди пред луѓе што изгубиле сè, а не ја добиваат сè уште вистината. Со крената глава не се оди кај оние кои со месеци бараат правда, а имаше обиди за селективна правда. Со крената глава не се оди кај оние на кои им се вршеа притисоци за протести. Нема достоинство во ароганцијата и лицемерието“, рече претседателот на СДСМ.

    Тој потенцира дека се залага за темелни реформи во судството и институциите и земјата да оди напред кон ЕУ.

    Мицкоски, претходно од митингот во Лозово, се осврна и на кампањата и обвинувањата од ДУИ, потсетувајќи дека едно од неговите ветувања на парламентарните избори беше дека оваа партија, по долги години во власта, ќе оди во опозиција.

    „Суштинско ветување беше дека оваа политичка партија, нереформирана, партија којашто во своето раководство има луѓе за кои постои основано сомневање дека сториле криминал, а тоа е партијата која ја предводи Али Ахмети, ДУИ, дека нема да биде дел од владата и дека ќе биде опозиција. Како што може да видите тие веќе 15 месеци се во опозиција и вака нереформирани, како што се денес, мислам дека уште долго време ќе бидат во опозиција“, истакна Мицкоски.

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети, пак, синоќа преку видео-обраќање на централниот митинг во Дебар на Националната алијанса за интеграција (НАИ), порача дека „на 19 октомври ќе нема локални избори, туку национален рефрендум за достоинство и национална гордост“.

    „Ние сме заедно за да се соочиме со злото и потценувањето што им се направи на Албанците во овие 12 месеци од оваа влада. Христијан Мицкоски не го признава Охридскиот договор и достигнувањата на Албанците“, рече Ахмети.

    Коалицијата Вреди, преку соопштение ја обвини ДУИ дека не се бори за национална кауза туку за гол личен интерес и за моќ.

    „Секој превез на измама падна! Оние што гласно зборуваат за ‘национална кауза’, кои ги полнат подиумите со зборови за ‘референдум’, на теренска прошетка со спуштени знамиња низ 100 отсто македонски села, барајќи гласови за сопствен спас. Ова не е политика, ова е национален срам“, порачаа од Вреди.

    The post Митинзи во Кратово, Ресен, Битола… последни четири дена од кампањата appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Изборите во Србија – лакмус за (не)постоење на „српски свет“ во Македонија

    14/09/2026

    Ахмети на марш во Приштина за поддршка на хашките затвореници обвинети за злосторства против човештвото

    13/09/2026

    МД„Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции да реагираат на бугарските „мисии“ врз Македонците во Албанија

    12/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Секси изданието на познатата пејачка остави без здив

    14/09/2026

    Од отворените податоци до е-општините: како Партнерството за отворено власт ја прави Северна Македонија подигитална и потранспарентна? 

    14/09/2026

    (Фото/Видео) Беше и останува најубава: тешко дека некој ќе ја надмине Марија Шарапова

    14/09/2026

    Изборите во Србија – лакмус за (не)постоење на „српски свет“ во Македонија

    14/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Даскаловски: Пелистер посакува победа во Загреб на стартот од ФИБА Европа Купот!

    Во Белград лишен од слобода Саит Саитов лицето кое прегази жена во Скопје и веднаш избега од државата

    ВМФЛ-18.коло: Шкендија (А) на мегдан со „пиратите“!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.