Одбојкарите на Штип УГД го добија дербито во Скопје против екипата ан Работнички во последниот натпревар од третата рунда во разигрувањето во домашниот одбојкарски шампионат. Иако очекувавме значително посилен отпор од домашниот тим, штипјани прилично лесно дојдоа до бодовите.
РАБОТНИЧКИ – ШТИП УГД 0:3 (12:25, 14:25, 19:25)
Во првите два сета Работнички не успеа да ја мине границата од 15 поени, а малку посилен отпор пружи во третиот сет. За Штип УГД ова беше 13-та победа со која и натаму останува убедливо на врвот на табелата со пет бода предност пред второпласираниот ГОК Борец.

