Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Магичната Бразилка во златен корсет „ја запали пистата“: Со својот од воодушеви многумина

    19/11/2026

    (Видео) Бремената актерка (52) зазеде став: Им одговори на сите што ја навредуваат поради нејзината одлука да роди дете

    19/11/2026

    Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

    18/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Регион»Илјадници излегоа на масовен протест во Загреб поради скандалот со отпадот
    Регион

    Илјадници излегоа на масовен протест во Загреб поради скандалот со отпадот

    05/09/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Десетици илјади луѓе денес се собраа во центарот на Загреб на голем протест поради незаконското депонирање отпад во Госпиќ, како и поради пошироката загриженост за заштитата на животната средина во Хрватска, пренесува Хрватскиот медиум ХрватскаНедела.

    Протестот под мотото „Оди за Лика, оди за Хрватска“ го организираше граѓанската иницијатива „Госпиќ е наш дом“.

    Учесниците се собраа на плоштадот Крал Томислав, по што во колона се упатија кон плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, каде што главната програма започна напладне. Демонстрантите носеа хрватски знамиња и транспаренти со барања за отстранување на отпадот и за побрза реакција од државните институции.

    Организаторите нагласија дека протестот е граѓанска иницијатива, а не политички настан. На протестот говореа претставници на еколошки и на граѓански организации од повеќе делови на Хрватска, кои укажаа и на проблемите со отпадот и со животната средина надвор од Госпиќ.

    Во центарот на протестот е депонијата во Госпиќ, каде што, според досегашните информации, биле закопани околу 33.000 тони опасен отпад.

    Илјадници луѓе беа на главниот плоштад и извикуваа „Госпиќ, Госпиќ!“, додека организаторите ги презентираа своите барања. Тие бараат Владата во рок од 20 дена да претстави целосна програма за санација, со задолжителни рокови, а отпадот да биде отстранети во рок од три месеци.

    Организаторите бараат и комуналната депонија Ракитовац да биде вклучена во хрватскиот план за управување со отпадот, како и долгорочен мониторинг на состојбата на животната средина со учество на независни експерти и независна проценка на ризиците за животната средина.

    На национално ниво, иницијативата бара посилна правна заштита за заедниците погодени од еколошки проблеми и привремено запирање на увозот на отпад до натамошно известување.

    Поврзани вести

    Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата и на „Алта лизинг“

    18/11/2026

    Десет деца повредени при пад од подвижни скали во трговски центар во Белград, седум со тешки повреди

    17/11/2026

    Опозицискиот пратеник Вучиќ зборуваше речиси еден и пол час, Бакиќ само една реченица

    17/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Магичната Бразилка во златен корсет „ја запали пистата“: Со својот од воодушеви многумина

    19/11/2026

    (Видео) Бремената актерка (52) зазеде став: Им одговори на сите што ја навредуваат поради нејзината одлука да роди дете

    19/11/2026

    Поднесено обвинение за злоупотреби против девет полициски службеници од Велес за случајот на Росица Коцева

    18/11/2026

    За пет години регистрирани 2.197 новозаболени oд рак на простата, расте и смртноста

    18/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Со поддршка од САД, општините добиваат нова противпожарна опрема

    Пожар во затворот Идризово, се запалил кровот на амбулантата

    Цената на златото годинава порасна за 53 отсто

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.