Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Минчев: Постигнат е историски договор за платите на административците
    Политика

    Минчев: Постигнат е историски договор за платите на административците

    09/02/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    За ТВ Сител Минчев потсети дека досега оваа Влада има направено повеќе договори, во кои се опфатени сите вработени на кои Владата е работодавач, како вработени во МВР, МО, здравство, образование и се завршува со околу 11 илјади вработени во јавната администрација за која, како што рече, факт е дека платите беа мали.

    „Во овие 40 отсто се и годишните усогласувања кои им следат на вработените во јавната администрација на годишно ниво“, рече Минчев. Тој најави дека по овој договор што е постигнат денеска, Министерство за јавна администрација ќе пристапи кон подготовка на текст предмет на договор кој ќе биде колективен договор, во соработка со Министерството за финансии и како единствен примерок ќе биде поединечно понуден до секоја институција во јавната администрација. Со ова, како што рече, се затвора пакетот на вработени во целиот јавен сектор, ако се тргнат на страна вработените во локалните самоуправи и во ЈП за кои важат други закони.

    По постигнатиот договор за зголемување на платите на административците, Минчев смета дека СДСМ води нихилистичка, самоуништувачка политика. „Од кои прични тоа го прави не би можел да знам, ниту би сакал да го коментирам“, рече Минчев, додавајќи дека тоа ги води кон пропаст на партијата.

    Прашан за минималната плата, министерот Минчев рече дека таа може да се гради врз база на договор што се одвива во Економско-социјалниот совет. „ССМ има нереално барање, претпоставувам дека тоа е координирано со СДСМ. ССМ тргна со барање за 450 евра за минимална плата, па 500 и дојде до 600 евра. Таа сума е преголема за буџетот на Република Македонија. За овој договор кој денес го постигнавме Владата ќе двои околу 10 милиони евра на годишно ново“, рече Минчев.

    За предлог-законот за висока раководна служба, кој е објавен на ЕНЕР, Минчев рече дека е изработен од работна група составена од претставници од повеќе институции, предводени од ресорното министерство. Овој закон, како што рече, повеќе од седум години е на Реформската агенда на Република Македонија и ги опфаќа: директорите, заменик-директорите, членовите на Управни одбори и државни секретари на владините тела. Промените во овој закон се однесуваат на тоа да има начин, критериуми и постапка на избор на високи раководни функции, да се скратат членовите на УО на максимум три члена и регулација на в.д. функцијата, односно продолжување на секои 6 месеци.

    Тој информира дека во завршна фаза е законското решение за укинување на техничката влада, а за Законот за правична застапеност потсети дека е вратен од Венециската комисија, од Уставниот суд е укината дигиталната алатка „Балансер“, а Владата пристапи кон ново законско решение. „Тој Закон е направен, пратен во Венециската комисија, која го врати назад, има одредени забелешки на некои членови, но не се големи. Се надевам дека во најбрз можен период работната група составена од експерти ќе се состане, ќе го дополни и ќе може да оди во владина и собраниска процедура“, рече министерот Минчев.

    Поврзани вести

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026

    Сали: Комуникацијата со Софија треба да се води со присуство на официјални лица од Европската комисија или од Европскиот совет

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Чоколадно-кафеавата боја доби конкуренција: еве ја бојата што ќе ја носиме оваа есен

    25/09/2026

    8 јасни знаци кои откриваат луѓе со ниска интелигенција

    25/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026

    Вајц: Ако граѓаните не веруваат дека правдата важи за сите, младите ќе ја напуштаат земјата

    24/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Никола Мемов: Потребна е реформа на пензискиот систем, нема проблеми во редовното исплаќање на пензиите

    „Голема церемонија на кинеската вештачка интелигенција 2026“ започна во Шангај

    Вујо со порака: Вардар е најголемиот клуб која го дала Македонија (ВИДЕО)

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.