Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мицкоски: Владата се фокусира на Реформската агенда, избори годинава нема да има
    Македонија

    Мицкоски: Владата се фокусира на Реформската агенда, избори годинава нема да има

    05/02/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    На брифингот посветен на напредокот во спроведувањето на Реформската агенда, што се одржа во Владата, а на кој присуствуваа членови на Владата, амбасадори на земјите членки на Европската Унија и претставници на меѓународната заедница, беше направен детален осврт на досегашните резултати и идните приоритети во клучните реформски области.

    Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека дел од реформите се реализираат, но дел, како што рече, од објективни причини нема да се реализираат, и за тоа се известени претставниците на меѓународната заедница.

    „Како Влада кога бевме избрани пред неполни 20 месеци имавме индикативна листа на чекори кои што треба да ги реализираме, практично првата година и половина се одобруваа, се усвојува и слично, работејќи со ЕУ. Таму некаде на почетокот на 2025 година да се заокружи тој процес, почнаа чекорите да се реализираат, нормално додека се засили тој процес, ценам дека беа испорачани одреден број чекори, а потоа се распишаа локалните избори и поради нашето домашно законодавство, ние не успеавме таа динамика да ја следиме во зависност од нашите амбиции. И бидејќи тогаш Парламентот малтене е во техничка форма и не работи и останатите институции, имавме неколку месечна пауза. Но, веднаш после локалните избори, таму некаде од ноември месец интензивно се работеше на Реформската агенда и на реализирање на чекорите кои што се дел од Реформската агенда и оние чекори кои што можеме да ги реализираме,“ кажа Мицкоски.

    Тој нагласи дека Владата ќе ги исполни сите обврски што може да ги реализира, а за останатите, како што рече, ќе понуди аргументирано објаснување.

    „Подготвени сме за искрен дијалог со нашите партнери од меѓународната заедница, особено со ЕУ“, додаде премиерот.

    Мицкоски истакна дека годинава нема да има избори, бидејќи Владата е фокусирана на реформите и, како што рече, „воведување ред во државата“.

    Меѓу приоритетите ги наведе проектот „Безбеден град“, борбата против криминалот и корупцијата, како и законски решенија поврзани со здравјето на граѓаните, меѓу кои и новото решение за Законот за пушење.

    Премиерот оцени дека Владата има „амбициозна реформска агенда“ за оваа година, со цел „да ја напишеме домашната задача“, по што одлуката за понатамошниот тек ќе биде кај земјите членки на ЕУ.

    Мицкоски најави дека следните брифинзи со амбасадорите ќе се одржат во март и јуни, а потоа најмалку еднаш квартално, со цел редовно информирање за напредокот во спроведувањето на Реформската агенда.

    Поврзани вести

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026

    Повеќе од 5.000 корисници на социјална помош биле клиенти на Алта банка

    03/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Малешевиќ со апел до битолчани за дуелот со МЗТ Скопје

    „Приказната за Силјан“ – прв македонски филм номиниран за наградата „Еми“

    Во Албанија, Специјалниот суд против корупција го ограничи известувањето на новинарите од судските постапки

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.