Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Обвинение за давање и примање поткуп во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој
    Македонија

    Обвинение за давање и примање поткуп во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој

    02/02/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице обвинето дека сторило кривично дело Давање поткуп и кривично дело – Давање награда за противзаконито влијание. Три лица сториле кривично дело Примање награда за противзаконско влијание и на едно лице му се става на товар кривичното дело Примање поткуп, соопштија денеска оттаму.

    „Првообвинетиот како управител на кривично одговорното правно лице аплицирал на јавен повик на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој на РСМ и поднел барање за користење на финансиски средства преку ИПАРД програмата. Бидејќи правното лице не ги исполнувало пропишаните услови, апликацијата била пониско рангирана и не ги исполнувала критериумите за добивање финансиска поддршка. Со цел апликацијата неосновано да биде повисоко рангирана и побараниот износ на финансиска помош во целост да биде одобрен, управителот, во име и за сметка на правното лице, во повеќе наврати ветувал и давал пари. На раководно службено лице во Агенцијата бил ветен подарок во износ од 50.000 евра, а на уште три лица им биле дадени 5.000 евра за да го искористат своето реално влијание и службена положба и да извршат притисок за донесување одлука што не смеела да биде донесена“, наведено е во соопштениетоод Обвинителството.

    Во текот на истражната постапка обвинителството утврдило и кривична одговорност кај уште четири државни службеници вработени во Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и рурален развој, против кои јавниот обвинител поднел обвинителен предлог за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување, додека на кривично одговорното правно лице на товар му се става кривичното дело Давање поткуп.

    „Обвинетите постапувајќи спротивно на своите службени обврски, овозможиле незаконско одобрување на апликацијата. Тие при обработка и контрола на документацијата извршиле погрешна пресметка на исполнетоста на условите и врз основа на некомплетна документација го изработиле, контролирале и одобриле образецот за контрола на комплетност на договорот, а потоа и Решението за одобрување на финансиска поддршка. Второобвинетиот во обвинителниот акт, иако бил свесен дека правното лице не ги исполнува законските услови, го потпишал решението со намера да го прими ветениот подарок“, се додава во соопштението.

    Поради неизменетите околности, законските основи поради кои на четворицата обвинети им била определена мерка притвор, а не едно лице мерка куќен притвор се уште постојат, па со обвинението до судот е поднесен и предлог за продолжување на изречените мерки.

    „За обвинетите државни службеници со Посебен предлог се предложени мерки на претпазливост: забрана за вршење службени активности поврзани со кривичното дело, односно работни активности како службено лице во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, одземање на патни исправи и обврска за повремено јавување кај надлежен орган. Исто така, со обвинителниот акт јавниот обвинител предложи одземање на предметите употребени за извршување на кривичното дело мобилни телефони, медиуми за складирање на дигитални податоци и парични средства и тоа 35.370 евра, 206.000 денари и 200 швајцарски франци. Од прибраниот доказен материјал во оваа истражна постапка произлегоа индиции по однос на постапување со средствата од ИПАРД програмите за што ОЈО ГОКК отвори предистражна постапка која е во тек“, велат во Обвинителството.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Вашата машина за перење ќе биде како нова – ако ја истурите оваа течност од бањата во неа

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    Гана се врати на Мундијалот

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.