
Разговорите меѓу Украина, САД и Русија би можеле да бидат одложени бидејќи САД се фокусирани на Иран, изјави украинскиот претседател Володомир Зеленски, пренесува „Гардијан“.
Украина требаше да ги продолжи трилатералните разговори со САД и Русија овој викенд, но Зеленски навести можност за одложување, бидејќи САД, како што изгледа, во моментов се фокусирани на Иран.
„За нас е многу важно сите со кои се договоривме да бидат присутни на средбата, бидејќи сите очекуваат повратни информации.
„Но датумот или локацијата може да се променат – бидејќи, според нашето гледиште, се случуваат одредени настани во односите меѓу САД и Иран. И тие случувања најверојатно би можеле да влијаат врз временската рамка“, изјави Зеленски.
Во меѓувреме, Русија лансираше над 100 дронови, но само една ракета кон Украина, по коментарите на Трамп за примирје.
И украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала над 100 дронови и само една ракета кон Украина.
Вчера, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Владимир Путин се согласил да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина на една недела, откако тој упатил личен апел до рускиот лидер поради екстремно студеното време во Украина.
Подоцна Зеленски напиша дека примирје за електраните и другата клучна енергетска инфраструктура било разгледувано меѓу двете страни и дека тој „очекува договорите да бидат спроведени“.

