Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Забава»Принцот Вилијам испиша историја со гостување во популарна британска емисија
    Забава

    Принцот Вилијам испиша историја со гостување во популарна британска емисија

    23/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Британскиот принц Вилијам стана првиот член на кралското семејство што гостувал во популарното ток-шоу на Греам Нортон. За време на разговорот откри детали од приватниот живот, раскажа што сакаат да гледаат неговите деца и со што сонувал да се занимава како млад.

    Вилијам откри дека неговото семејство редовно го следи шоуто на Би-би-си „The Celebrity Traitors“, а најголеми обожаватели се принцезата Шарлот и принцот Луис.

    „Ја обожавам емисијата, целото семејство ја гледа. Шарлот и Луис се целосно опседнати со неа. Навистина е одлична“, изјави принцот.

    На прашањето што би работел доколку не бил престолонаследник, Вилијам откри дека како дете сакал да стане полицаец, а подоцна размислувал и за кариера како диџеј.

    „Кога бев помлад, сакав да станам полицаец. Мислев дека ќе бидам добар во тоа. Подоцна имав период кога сакав да бидам диџеј, но не ми одеше баш најдобро“, раскажа тој.

    Принцот откри и дека во слободното време сака да слуша музика и да гледа филмови, особено оние на режисерот Кристофер Нолан. Меѓу омилените му е трилогијата „Мрачниот витез“.

    Неговото гостување следува неколку дена по интервјуто на неговиот брат, принцот Хари, за магазинот „GQ“, во кое Хари повторно изрази желба за помирување со семејството. Според најавите, Вилијам не ги коментирал изјавите на брат му.

    Гостувањето е дел од подготовките за доделувањето на еколошките награди „Earthshot Prize“, основани на иницијатива на Вилијам. Церемонијата е закажана за 17 ноември во Мумбај, Индија, а се најавува пренос во 240 земји на повеќе од 40 јазици.

    Поврзани вести

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Шест правила за долг брак што не излегуваат од мода

    27/11/2026
    АКТУЕЛНО

    СДСМ побара Гаши да свика итна седница за насилствата врз жените, а Тошковски да поднесе оставка

    28/11/2026

    Повторно вљубена во поранешното момче, Аријана Гранде планира брак

    27/11/2026

    Три хороскопски знаци наскоро ги очекува огромна среќа: животот им подготвува неверојатен подарок

    27/11/2026

    Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор: Привремено ќе бидат сместени во КПД Идризово и КПД Прилеп

    27/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви

    Премиера на концертот за деца „Магичната флејта на Вулфи“

    Во среда ќе се одржи комеморација за Кирил Поп Христов – Кили во МНТ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.