Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Филипче на денешниот конгрес: СДСМ не е пазар за пазарење функции, СДСМ е армија на вредности
    Македонија

    Филипче на денешниот конгрес: СДСМ не е пазар за пазарење функции, СДСМ е армија на вредности

    24/01/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Со стоечки аплаузи делегатите на СДСМ го поздравија партискиот лидер Венко Филипче кој се обрати на почетокот на 31. партиски Конгрес.

    Филипче во воведното обраќање се осврна на моменталната ситуација во државата, за кондицијата во која се наоѓа власта, како и за внатрепартиските превирања. Најави дека СДСМ излегува на терен и порача дека нема да дозволи партијата да се поткопува одвнатре.

    „Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој и мисли добро на државата, но дозволете да испратам порака до оние кои мислат дека може да седат две столчиња, оние кои мислат дека може да бидат во СДСМ, а да работат за интересите на власта, или да формираат фракции, нови движења и сето тоа само за нивни лични интереси. Тоа време завршува, денес ставаме точка на разединувањето. СДСМ не е пазар за пазарење функции, СДСМ е армија на вредности. Кој сака да се бори рамо до рамо со нас – добредојден е, вистински, искрено, братски, но, кој планира да нè поткопува одвнатре, да биде тројански коњ на ВМРО или други интересни групи, некa си замине веднаш, немаме време за предавства и немаме луксуз за суети. Или сме заедно во оваа битка за живот и смрт на демократијата – или не сме ништо. Јас бирам борба, искрена, силна и чесна“, изјави Филипче.

    Тој посочи дека ќе тропнат на секоја врата, но не за да молат за гласови, туку за да ја „разбудат“ Македонија.

    „Јас бирам борба, искрена, силна и чесна. Затоа другарки и другари нема седење, нема пишување статуси на фејсбук од удобни фотељи. СДСМ е на терен, одиме во секој град, во секое село. Ќе чукнеме на секоја врата, не да молиме за гласови, туку да ја разбудиме Македонија. Ќе им кажеме на луѓето за долгот од 2 милијарди евра, за новиот заем од 6 милијарди евра, ќе кажеме за изолацијата од Европа и од Америка, поради корупцијата и плачката, за предавството на националните интереси и безбедност с мигрантите. Ќе им кажеме за лагите, ќе им кажеме на луѓето дека не се сами. Нека слушнат добро во Белата палата и во Владата, мислеа дека сме на колена, мислеа дека сме готови. Штотуку почнавме, СДСМ се разбуди, а кога СДСМ е буден, тираните не спијат мирно“, посочи Филипче.

    Првиот човек на СДСМ обвини дека власта во последните две години донела брутално отрезнување, дека ветиле гордост, а го донеле народот до питачки стап, дека ветиле реформи, а направиле грабеж од епски размери. Тој  тврди дека премиерот не смее да стави потпис на ниту една одлука без одобрение од неговите „газди“.

    „Се кројат планови далеку од очите на јавноста за мигранти. За 10 000 веќе се донесе закон, под превезот странски работници. Сакаат да ја претворат Македонија во тампон зона за туѓи проблеми, само за да добијат тапкање во рамо и кредит од 6 милијарди евра. Сакаат да ја продадат безбедноста на нашите домови и нашите деца за ситни политички поен, тоа е врвен чин на предавство на сопствениот народ. Нема да дозволиме Македонија да стане логор за туѓи геополитички поткусурувања, додека децата ги пакувааат куферите за да заминат во државата“, изјави Филипче

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Сите лидери по средбата се согласија дека техничка влада нема да има после следните парламентарни избори

    Сатурн и Нептун си заминуваат: Три знаци излегуваат од тежок период во животот

    Новогодишен концерт „Кадифено“: Зарина Првасевда ја исполни Филхармонијата со традиција и современ звук

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.