Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Муцунски: Одлуката на САД за визниот режим е само за иселеничките визи
    Македонија

    Муцунски: Одлуката на САД за визниот режим е само за иселеничките визи

    15/01/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    По средбата со раководството на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, одговарајќи на новинарски прашања во врска со одлуката на Стејт департментот за привремено замрзнување на процесот за издавање имигрантски визи за 75 земји, меѓу кои и за Македонија, тој истакна дека се работи за пауза за постапки поврзани со иселеничките визи.

    „Не прекин, не црна листа, туку пауза за постапки за иселеничките визи. Ова не влијае на сите други постапки за издавање визи за САД. Доколку сте стопанственик што сака да патува во САД, слободно ќе може да си аплицирате за виза“, истакна Муцунски нагласувајќи дека тоа важи и за студенти, туристи…

    Тој посочи дека се во комуникација со Амбасадата на САД во Скопје и оти македонската амбасада во Вашингтон комуницира со американскиот Стејт департмент и во согласност со информациите најмал број апликации што ги има од наши државјани се за тој тип на визи и, генерално, се работело за граѓани од повозрасна категорија.

    Приоритет на нашата држава во делот на визната политика со други држави, нагласи Муцунски, „не се иселеничките визи, туку визите насочени за развојот на државата, а развојот на државата значи подобра визна политика со стопанственици, научници, студенти, за сите наши граѓани и тука нема никаква промена во визната политика“.

    „Перцепциски ова ме потсетува на целокупната приказна со тарифите. Кога излегоа податоците за тарифите, слушав критики дека сме вброени меѓу земјите со највиоски тарифи, но кога издејствувавме да бидеме помеѓу земјите со најниски тарифи за индустрии што за нас се значајни, кога издејствувавме да спасиме работни места во компаниите, истите тие критичари никаде не ги слушам“, изјави Муцунски.

    Според него, во наредниот период се очекува решевање долгогодишни прашања.

    „Оставете малку на времето и на нашата комуникација, на фактот што имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер и она што можам да го кажам е дека во следниот период, па можеби во следните шест месеци, дополнително позитивно ќе се изненадите од она што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата држава, односно да почнеме да затвораме прашања што 20 години се обидувавме да ги затвориме“, рече Муцунски.

    Повтори дека приоритети за земјата се бизнисот, науката, туризмот, студентите, а одлуката на визниот режим на САД не влијае врз нив.

    „Ова влијае единствено на иселеничките визи, кои се во најмал обем во делот на апликации од нашата држава за визи кон САД. Ние со САД имаме таков однос што сите прашања од ваков тип ги решаваме, а тоа го видовте особено во делот на тарифите, имаме меѓу најдобрите тарифни рати не само во Европа туку и пошироко и очекуваме по нашите дискусии во слендиот период да добиеме уште подобри услови“, нагласи Муцунски.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Поезија над јазичните бариери: „Јуроп хаус“ го одбележа Светскиот ден на поезијата

    АНАЛИЗА: Буџетот за 2026 година во РСМ – економски развој или изборна година?

    Дал пари за возачка дозвола, откако не ја добил, пријавил во полиција дека е измамен

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.