Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Брутално семејно насилство во Скопје, ја удирал партнерката пред четиригодишната ќерка
    Македонија

    Брутално семејно насилство во Скопје, ја удирал партнерката пред четиригодишната ќерка

    11/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 41-годишен маж од Велес, со непријавено престојувалиште во Скопје, осомничен за кривично дело телесна повреда при вршење семејно насилство, казниво по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

    Според информациите од Обвинителството, осомничениот со умисла ја повредил својата вонбрачна партнерка во нивниот заеднички дом. Инцидентот се случил додека оштетената се подготвувала да ја однесе нивната ќерка во градинка, кога најпрво дошло до вербална расправија, по што осомничениот во повеќе наврати ја удирал по главата со лажица за облекување чевли.

    Жртвата се повлекла во спалната соба, но осомничениот насилно ја турнал на креветот, ѝ го одзел мобилниот телефон и го фрлил на подот, по што продолжил со насилството, плукајќи ја по лицето и удирајќи ја со тупаници по главата и телото. Од нападот, оштетената се здобила со телесни повреди, констатирани како контузија и хематоми.

    Јавниот обвинител при одлучувањето го имал предвид фактот дека жртвата и претходно го пријавила осомничениот за семејно насилство, но подоцна го повлекла предлогот за кривично гонење. Со цел обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, како и за заштита на оштетената од понатамошно насилство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје е доставен предлог за определување мерка притвор.

    Поврзани вести

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Земјоделките немаат породилно отсуство, осигурување и финансиска сигурност

    17/10/2026

    40 години по катастрофата во Чернобил: радиоактивните честички се многу постабилни отколку што се мислеше

    17/10/2026

    Ѕвездата на „Шерлок“ тајно се ожени со 21 година помладата партнерка

    16/10/2026

    Кендал Џенер проговори за својата сексуалност: Можеби ќе ми беше полесно да сум хомосексуалка, мажите се ужасни

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Атлетико Мадрид подготвува нов договор за Диего Симеоне

    (Фото) Неочекувано издание на Меган Маркл

    Првата понуда од С. Арабија за Салах е 2,8 милиони евра неделно!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.