Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Кога е најдобро време да пиете кафе за да ја зголемите вашата енергија

    09/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Филипче: Масовниот надзор на граѓаните со 65 илјади камери мора да биде под контрола
    Македонија

    Филипче: Масовниот надзор на граѓаните со 65 илјади камери мора да биде под контрола

    09/01/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, нагласи дека СДСМ никогаш не го проблематизирале проектот „Сејф сити“ од аспект на безбедноста.

    Се отвора друго сериозно и суштинско прашање – кој, како и со каква контрола располага со податоците за движењето на граѓаните и возилата. Филипче децидно посочи дека клучната дилема не е безбедноста, туку заштитата на демократијата, приватноста и спречувањето на можни злоупотреби.

    „Легализација на масовен надзор без соодветни ПИ мерки преку системот „Сејф сити“ со 65 илјади камери овозможува дигитален надзор над движењето на граѓаните. „Сејф сити“ никој не го проблематизира од аспект на безбедноста, туку од аспект на тоа кој и како располага со податоците од „Сејф сити“- движењата на луѓето, возилата, поединците, тоа е тоа што јас го прашувам, никако од аспект на безбедноста, да не се спинува во таа насока“, изјави Филипче.

    Како што кажа Филипче, дополнителен проблем е целосното отсуство на законска регулатива. „Никако со ниту еден закон системот „Сејф Сити“ не е регулиран, ниту пак се знае како и на кој начин можат тие податоци и во која цел да се користат“, рече Филипче.

    Притоа, Филипче додаде дека со воведувањето дигитален надзор, контролата врз овие системи станува клучно демократско прашање, и затоа е важно да има техничка влада, за да нема злупотреби.

    „И кога за граѓаните се воведува дигитален надзор, контролата на овие системи станува прашање за опстанок на демократијата. Технички министер за внатрешни работи од опозицијата е гаранција дека овој систем нема да се злоупотреби за следење на движења на поединци од опозицијата, активности на опозиции кандидати и активности за време на кампањата“, посочи Филипче.

    Во тој контекст, Филипче нагласи дека техничката, односно Пржинската влада, е неопходна за институционален баланс. „Така што, техничката влада ќе гарантира некаков институционален баланс“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

    Поврзани вести

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Ветерниот парк во Штип ќе обезбедува енергија за над 140.000 домаќинства

    09/09/2026

    Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти

    09/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026

    Османи вели дека комуницирале со ВМРО-ДПМНЕ и напролет очекува предвремени избори

    10/09/2026

    Кога е најдобро време да пиете кафе за да ја зголемите вашата енергија

    09/09/2026

    Вилијам Болдвин за конфликтот со Шерон Стоун: „Никогаш повеќе нема да работам со неа“

    09/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Европа е подготвена да предводи мултинационални сили во Украина, како дел од мировниот план на САД

    Пејачката Милица Тодоровиќ успеала да изгуби дури 15 килограми

    Не треба да им верувате: Трите хороскопски знаци кои лажат најмногу

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.