Ја испраќаме и 2025-тата со историски резултати и успеси за македонскиот спорт, помалку или повеќе успешни настапи на нашите спортисти на меѓународната сцена, домашни првенства, клупски настапи, резултати за паметење.
„СпортСпорт“ ја завршува оваа година со задоволство од уште една заеднички мината животна етапа, исполнета со многу предизвици, убави моменти на спортските терени, заедно со нашите спортисти, тренери и спортски работници, но и заедно со вас, нашата верна читателска публика.
Ви благодариме за довербата и за тоа што редовно го посетувавте нашиот новинарски дома на убави (и малку понеубави) спортски приказни, вести, информации…
За крај на календарската година направивме редовен избор од 10-те најчитани текстови на „СпортСпорт“ за 2025-тата.

