Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине

    11/09/2026

    Тие ќе ви ја исцрпат целата енергија: кои луѓе треба да ги избегнува секој хороскопски знак

    11/09/2026

    Денеска пратенички прашања во Собранието

    11/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Умот не ми даваше да се помирам со тоа дека син ми е мртов, сведочеше мајка на судењето за „Пулс“
    Македонија

    Умот не ми даваше да се помирам со тоа дека син ми е мртов, сведочеше мајка на судењето за „Пулс“

    29/12/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Марија Петрушева, мајка на Андреј и на Кристијан Петрушеви, како сведок денеска раскажуваше за кобната ноќ кога се случи трагедијата во т.н. кабаре „Пулс“, во која го загубила нејзиниот син Андреј. Андреј работел во ресторанот „Престиж“ во Кочани, а вечерта бил повикан и на испомош во „Пулс“ од страна на сопственикот Дејан Јованов-Деко. Како што пренесува „360“, бил повикан и неговиот брат Кристијан, кој прво рекол дека нема оди. Двајцата биле вешти во угостителската работа. Андреј се запишал на факултет, но се откажал и работел во Хрватска, а потоа се вратил во Кочани. Планирале со братот повторно да одат во април.

    Мајката Марија рече дека утрото на 16 март биле будни со сопругот, кога ги слушнале првите сирени.

    „Прво мислев дека е некоја сообраќајка, не се вознемирив веднаш. По 15 минути почнаа да свират многу возила и видовме дека противпожарно возило оди во спротивен правец. Се почувствува и тежок мирис на чад. Бидејќи имаше концерт на групата ДНК, ми дојде мисла дека таму нешто се случува. Почнав да им ѕвонам на двајцата синови, наизменично, но одговор немаше. На Андреј му пишав на Инстаграм што се случува, но пораката и ден-денес остана непрочитана“, сведочеше мајката.

    Тргнале со автомобил во тој правец. Неколку лица што ги сретнале патем, им кажале што се случува. Кога стигнале кај „Пулс“, наишле на насекаде растрчани луѓе. Прашала другар дали ги видел нејзините синови. Тој им рекол дека Кристијан е добар, а Андреј со амбулантно возило и со слаб пулс бил однесен во болница.

    „Пред дискотеката имаше премногу тела, од кои некои не се ни препознаваа. Сопругот отиде во дискотеката. Јас почнав да ги превртувам телата. Повеќе го барав Андреј оти за Кристијан слушнав дека го виделе. Тоа што се однесени во болница ми даваше сигурност дека ќе им биде укажана помош. Не сфаќав дека тие деца што лежеа таму се мртви, мислев дека се онесвестени од чадот. Сè уште не сфаќав што се случува”, рече мајката.

    Оттаму отишле во болницата. Рече дека цел ходник бил со деца кои лежеле исцрнети, некои до непрепознавање.

    „Персоналот беше растрчан. Викав по Кристијан. Тогаш слушнав една докторка како му вели на родител дека неговата ќерка починала. Тоа беше шокот. Некој рече дека има деца и на другите одделенија. Оттаму се упатив на интерното одделение. Сè беше хаос. Додека се пробивав до таму, некои деца ги носеа со количка. Во интерното одделение почнав од првата соба, вратите беа отворени. Викав по Кристијан оти ми беше логично дека е свесен и дека е со својот брат, и треба да ме слушне. На крајот од ходникот во соба број 2, која е спроти другиот влез на интерното одделение, налетав на Кристијан, кој влегуваше во тој момент. Мамо, рече тој. Јас викав: брат ти, брат ти. Не успеавме да го спасиме, ми рече тој. Јас не му верував. Влегов во собата, Андреј беше на вториот кревет кај прозорот. Изгледаше нормално, немаше изгореници, само изгореница на подлактицата“, рее мајката Марија во обвинителството.

    Кристијан ѝ кажал дека докторите му давале адреналин.

    „Андреј изгледаше толку жив. Велев дека лекарите не знаат што зборуваат. Почнавме да му даваме вештачко дишење, бидејќи првпат се соочувам со таква ситуација. Кога му давав вештачко дишење, тој испушташе необични звуци, и тогаш мислев дека се враќа, дека го оживуваме. Многу време го реанимиравме. Умот не ми даваше да се помирам со тоа дека мртов“, кажа мајката.

    За синот Кристијан, Марија кажа дека е уште во тешка психичка состојба и оти не може да се помири со тоа дека не успеал да го спаси својот брат.

    „Таа вечер тој неколку пати влегувал во дискотеката, спасувајќи животи и барајќи го својот брат. Во моментот кога видел дека неговиот брат е пред ‘Пулс’, оти го изнел некој друг, го качиле во амбулантната кола. До него имало едно мртво дете и едно многу повредено. Психичката состојба тогаш и денес му е многу лоша бидејќи се обвинуваше дека не можел да го спаси брата си. Уште има кошмари. Најтешка му е загубата на брата си. Вели дека во тие десетина минути додека се смирило стампедото и спасувале други животи, не можел да му помогне на брат му. Покрај загубата на едниот, се борам да го подигнам другиот син. Некогаш мислам дека сум успеала, но тоа ќе остане засекогаш со него“, рече мајката.

    Поврзани вести

    Прославата за независноста чинела 340 милиони денари, најголем дел од средствата се од „Лотарија“

    10/09/2026

    Евидентирани 58 случаи на западнонилска треска, 8 лица починати

    10/09/2026

    Хера: Сексуалното образование им помага на младите да препознаат ризик, да постават граници и да кажат не

    10/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Никол Кидман откри кој проблем од детството успеала да го надмине

    11/09/2026

    Тие ќе ви ја исцрпат целата енергија: кои луѓе треба да ги избегнува секој хороскопски знак

    11/09/2026

    Денеска пратенички прашања во Собранието

    11/09/2026

    ВМРО-ДПМНЕ: Немало комуникација со ДУИ за избори

    10/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Двајца мртви во судир на противпожарни хеликоптери во Грција, огнот му се заканува на градот Мегара

    „Јон Вардар против Галаксијата“ со почесна награда за визуелна имагинација во Кина

    Пратениците денеска треба да гласаат за новиот Закон за Судскиот совет

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.