Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    19/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Муцунски: Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија
    Политика

    Муцунски: Кај ЕУ има желба да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение со Бугарија

    06/12/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Тоа е во нивни и економски, и политички, и национален интерес, и верувам дека ќе постои рацио и рационалност кај нашите соседи … Има желба кај Европската Унија и кај одредени земји членки да се помогне во развивање дијалог насочен кон решение. Но, ги уверувам нашите граѓани дека не треба да имаат никаква грижа по однос на позициите на Владата – тие се сосема јасни и нема да прифатиме никакви отстапки што се поврзани со нашите основни идентитетски обележја – нашиот јазик и нашата историја“, изјави Муцунски во гостување на Сител.

    На прашање дали ќе има предвремени парламентарни избори, министерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ одговори дека целта на нивната партија е да завршат целосен парламентарен мандат.

    „Тоа значи следните парламентарни избори да бидат во 2028 година. Но, секако, не може да се исклучи да настанат некои промени бидејќи политиката е жива материја и има процеси коишто не секогаш единствено зависат и од нас. Во овој момент, мислам дека сме поблиску до тоа да имаме редовни парламентарни избори, но ќе ги следиме процесите и ќе видиме во која насока тие ќе се движат во следниот период“, рече Муцунски.

    Во врска со т.н. бомби на СДСМ со кои се обвинуваат функционери на ВМРО-ДПМНЕ за криминал, Муцунски рече дека „СДСМ подолг период покажува ширење наратив на лажни вести и дезинформации за да ја маниплираат јавноста“.

    „Институциите се слободни да истражат сè што мислат дека треба да истражат, ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем. Доколку се утврди дека некој нејзин член или именуван функционер е одговорен за криминал и корупција, тој или таа да биде предмет на одговорност. Најдобар доказ е случајот со директорот на ИПАРД-агенцијата. Но, мислам дека тоа што го гледаме особено во последните неколку дена, што се шири за одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ, е наратив на лажни вести. Најчудно е, можеби, што наративот за корупција доаѓа од политичката партија која седум години беше синоним за корупција“, изјави  Муцунски.

    На опозициската партија тој и порача „да се реформира и да си обезбеди ново кадровско освежување и јасно да ги препознае и да има капацитет да ги признае своите грешки од минатото, посебно во полето на надворешната политика“

    Поврзани вести

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски: Прво доверба со Бугарија, потоа процес за кој ќе има предвидлив крај

    19/09/2026

    Бугарски лекари во Мала Преспа за асимилација

    19/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Три хороскопски знака викендов може да сретнат нова љубов дури и на обично излегување

    19/09/2026

    Ѓурѓај го претстави македонското малцинство во Албанија на конгресот на ФУЕН во Хелсинки

    19/09/2026

    Мицкоски од САД зборува за предвидлив крај во преговорите за членство во ЕУ

    19/09/2026

    Порталб: Новото училиште во Нерово е недовршено, наставата се одвива во катастрофални услови

    19/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Трамп изјави дека би сакал да ги заземе островот Харг и иранската нафта

    Ветено – сторено: ФФМ целосно го обнови теренот број 1 на ТЦ „Петар Милошевски“ (ВИДЕО)

    (Фото) Никола Пелц ги загрижи обожавателите со својот изглед

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.