Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Стражај: ЕУ е на потег да ја убеди Бугарија дека Македонија има свои граници – не може барањата да одат во недоглед
    Политика

    Стражај: ЕУ е на потег да ја убеди Бугарија дека Македонија има свои граници – не може барањата да одат во недоглед

    30/11/20253 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Вие го сменивте името, го потпишавте Договорот од Преспа, имавте неколку рунди разговори со Бугарија и со ЕУ и сметам дека на потег се властите на ЕУ да ги убедат нашите бугарски пријатели дека Македонија покажа волја да ги исполни условите од бугарска страна, но исто така, дека земјата има и свои граници – не може барањата да одат во недоглед. Во овој случај мислам дека работата сè уште не е завршена и улогата на ЕУ е да се инволвира и да се обиде повторно да ја убеди Бугарија дека Македонија е на вистинскиот пат“, потенцира Стражај.

    Според него, можеби треба да се види и дали македонските власти го одбрале вистинскиот пристап во решавањето на ова прашање. Тој смета дека можеби властите во Скопје треба да и пристапат со јасно барање на Бугарија со цел да се реши оваа ситуација еднаш засекогаш.

    Тој исто така вели дека е вистински проблем што идното членство на која било земја-кандидат треба да биде одобрено од сите ЕУ-членки, во смисла дека ако има и една единствена земја која се противи на влезот на одредена држава, може да го успори процесот или дури и да го стопира на некое време.

    Стражај во разговорот за МИА оценува дека членството во ЕУ е можеби единствената можност за државите од Западен Балкан.

    „Точно е дека ЕУ направи одредени грешки во минатото, на пример имаше периоди кога проширувањето не се сметаше за приоритет, или не беше меѓу главните приоритети. Сега ситуацијата е сменета и треба да учиме од нашите грешки, но да не бидеме толку критични кон ЕУ бидејќи сметам дека процесот на ЕУ-интеграција исто така континуирано продолжува. Процесот на пристапување сега го загрозуваат билатерални прашања кои се вклучени во процесот на проширување и сметам дека поради начинот на гласање во ЕУ ова навистина претставува голем проблем за некои држави вклучувајќи ја и вашата, и може да продолжи да биде проблем за процесот на проширување на ЕУ доколу начинот на донесување одлуки не се промени во иднина“, нагласува Стражај.

    На прашањето дали поради геополитичката ситуација ЕУ можеби повеќе го фаворизира проширувањето кон Исток, со оглед дека некои држави во регионот како Србија и Црна Гора преговараат повеќе од една деценија, вели дека тоа не е случај.

    „Позитивен сигнал е дека земјите од Источна Европа исто така имаат интерес да се приклуачт кон ЕУ, вклучително Украина и Молдавија, во моментов ги имаме само овие две земји, и високи претставници на ЕУ веќе неколкупати истакнаа дека треба да се одржи процесот базиран на заслуги. Што значи дека и Украина, и покрај фактот што се соочува со тешки услови поради руската агресија и е во состојба на војна, треба да ги исполни потребните реформи. Извештајот за Украина покажува дека постојат недостатоци и оти реформскиот процес треба да се забрза, и поради тоа не гледам фаворизирање од страна на ЕУ на која било од земјите-кандидатки“, истакнува Стражај .

     

    Поврзани вести

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026

    Мицкоски од ОН: Mала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили

    26/09/2026

    Муцунски-Пирс во Њујорк: Во фокусот регионалната безбедност, реформите и европската перспектива

    24/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Институциите не се доволно транспарентни во одлуките за животната средина, заложбите од Партнерството за отворена власт бавно се исполнуваат

    27/09/2026

    Вајц: Македонија треба да биде модерна демократска земја, без разлика дали ќе стане членка на ЕУ

    26/09/2026

    Екологистите ѝ дадоа рок на Владата до крајот на месецот да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука

    26/09/2026

    Одличната соработка меѓу ОН и Македонија, средба Мицкоски – Гутереш

    26/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Силвана Димитриевска  – добитничка на годишната награда „Македонска книжевна авангарда“

    Професорката од УГД, осомничена за барање поткуп од студенти, доби забрана да предава

    Хоџиќ пред дербито со Арсими: Нашата цел се трите бода!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.