Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Мисајловски по средбите во Вашингтон: Следуваат историски години за армијата
    Македонија

    Мисајловски по средбите во Вашингтон: Следуваат историски години за армијата

    09/04/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Најважното прашање за кое се разговарало, рече, е издвојувањето од 3,5 проценти од БДП за наредните десет години преку буџетот на Министерството за одбрана, за што бил презентиран план како да се стигне целта, што директно ќе се вложува во Армијата и каква опрема ќе се купува во наредната деценија.

    За ТВ Сител Мисајловски рече дека Армијата ќе добие многу нова опрема и дека на состаноците се разговарало таа да се купува директно од САД, за што ќе почнат директни преговори со Стејт департментот и со Пентагон.

    Тој посочи дека буџетот на МО многу ќе се зголемува за да се исполни барањето од НАТО за издвојувања во одбраната. Како што рече, во услови на криза тоа е тешко, но дека тоа барање на НАТО е круцијално и ние го правиме тоа на што сме се обврзале кон Алијансата.

    „Ќе го оствариме планот за десет години и она што се бара од НАТО, внимателно, чекор по чекор. Ќе има реакции, но гледате што се случува во регионот и на геополитичката сцена, има две паралелни војни и секоја земја забрзано купува опрема. Мора да си го гледаме својот двор и да склучиме договори што побрзо со големи држави, зашто за опрема многу се чека во целиот овој сплет на околности. Многу ќе се зголемува буџетот во МО, што ни дава шанса да се позиционираме во наредните 10 години, да бидеме фактор на стабилност, да купуваме опрема за наши потреби, но утре да помагаме во разни мисии и интероперабилноста да ја зголемиме на секое ниво“, изјави Мисајловски.

    Тој додаде дека во процесот на модернизација, новите капацитети и инфраструктурата ќе се работи на тоа да биде вклучена и нашата индустрија и домашните компании и паралелно со зголемување на буџетот за одбрана, дел од средствата да остануваат и во нашата држава.

    На состаноците во Вашингтон била констатирана лојалноста на нашата држава кон Америка и позицијата на земја партнер и пријател на НАТО-сојузниците, пред сѐ на САД, и тоа, рече, ќе се продлабочува со договори што ќе се потпишуваат. Како што рече, ние сме мала земја, но можеме да помогнеме на разни начини и тие се благодарни за тоа.

    „Најважно е што сега, а се надевам и во иднина, сме една од државите со најголема стабилност во регионот и продуцираме стабилност насекаде“, истакна Мисајловски.

    На средбите  оваа недела се разговарало и за надградба на капацитетите за заштита од кибернапади и хибридни напади и оти од буџетот на МО ќе се издвојува посебна сума за дигитализација и за нови системи за повисоко ниво на заштита.

    „Министерството има посебен сајбер капацитет, можеби сме најподготвени како институција, пред сè во воениот дел, за да ги следиме сите тие закани и ризици, и за ова прашање целосно соработуваме со САД, кои ни помагаат и директно во нашите системи и  можат сите ризици да ги детектираат“, рече Мисајловски.

    На прашањето со какви ризици се соочува државата во моментов, министерот одговори дека „безбедносната слика се менува од ден на ден“ и дека најголемите предизвици ќе бидат во економијата зашто сме индиректно загрозени од глобалните случувања.

    „Тоа е едно од, би рекол, опасните прашања што нè задира како држава. Второ се сајбер и хибридните закани, што ќе ги имаат и други држави, влијанија од други земји преку прокси елементи, и тоа ќе мора да се следи“, додаде Мисајловски.

    Поврзани вести

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026

    Вечерва мирен протест во Богданци, а в недела во „Жена Борец“ во Скопје

    06/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Две лица загинаа откако автобус со српски регистарски таблички се преврте на автопат во Хрватска

    08/11/2026

    Аланис Морисет (52) откри дека е пансексуална

    08/11/2026

    Гостиварец ја принудувал својата 80-годишна мајка во инвалидска количка да питачи, поднесена пријава за трговија со луѓе

    07/11/2026

    Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

    07/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Објавен „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од првата половина на ХХ век“ од Славчо Ковиловски

    „Филхармонија: On air“ со кларинетистот Васко Дуковски

    Сиљановска: На македонските граѓани не им се потребни сожалувања, туку решенија

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.