Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Кај Сиљановска панел за 8 Септември низ призмата на непосредните учесници и сведоци

    07/09/2026

    Гаши по повод 8 Септември: Државата не се гради со еден акт, туку секој ден со институции, доверба и одговорност

    07/09/2026

    Дизелот поскапува за шест, а бензините за три денари за литар

    07/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Кај Сиљановска панел за 8 Септември низ призмата на непосредните учесници и сведоци
    Политика

    Кај Сиљановска панел за 8 Септември низ призмата на непосредните учесници и сведоци

    07/09/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    За референдумот, но и за други настани од 90-тите години и подоцна, говореа: Туше Гошев, Насер Зибери, Ламбе Арнаудов, Мухамед Халили, Петар Гошев, Благој Ханџиски, Тодор Петров, Славе Наумовски,  Ѓулистана Марковска, како и новинарите и уредници Панде Колемишевски и Александар Чомовски.

    Настанот го отвори детскиот хор „Златно Славејче“ со изведба на државната химна „Денес над Македонија“ и песната „Земјо моја“.

    На прашањето дали генерацијата, која учествуваше во создавањето на самостојната држава ја завршила својата историска задача, претседателката Сиљановска-Давкова одговори дека чинот на организирање избори, усвојување нов устав и конституирање институции е важен државотворен чин, но градењето држава е долг процес на промени што водат кон стабилна, функционална и ефикасна демократија.

    Претседателката ги истакна улогата и заслугата на првиот пратенички состав, на експертската влада, но и на искусните и умерени политичари : Киро Глигоров, Стојан Андов, Никола Кљусев, Петар Гошев и Абдурахман Алити, кои, со знаење, мудрост и државничка одговорност овозможија осамостојување по мирен пат во време на крвав распад на Југославија.

    Според неа, високата излезност и огромната поддршка, им даваат плебисцитарен карактер и демократски легитимитет на осамостојувањето и независноста.

    Говорниците ги расветлија различните димензии на референдумот: правната, политичката, етничката; ја опишаа предреферендумската и постреферендумската атмосфера; ги изложија проблемите со коишто се соочувале; укажаа на разликите и дилемите околу формулирањето на референдумското прашање; разликите и несогласувањата околу уставната дефиниција на македонската држава; ставот на албанските партии.

    Во своето излагање, Туше Гошев го поздрави мнозинскиот изборен систем и го проблематизираше пропорционалниот, којшто, според него, го дислоцира суверенитетот од граѓаните во политичките партии.

    Насер Зибери потсети на укажувањата и предупредувањата на претставниците на Албанците пред референдумот и при донесувањето на Уставот и повика на поголемо граѓанско учество во креирањето на одлуките во функција на практикување политика како инструмент за повисоки цели во интерес на граѓаните.

    Според Ламбе Арнаудов, првиот парламентарен состав покажал висока политичка свест во периодот на осамостојувањето и носењето клучни акти за државата, истакнувајќи ја важноста на Декларацијата за независност.

    Мухамед Халили изрази жалење што во тогашниот период партиите на Албанците не биле соодветно и навреме разбрани, како и разочарување во тогашната власт заради малиот придонес во унапредувањето на меѓуетничката односи, што ќе предизвика недоразбирања подоцна.

    Петар Гошев најпрво ја потенцираше неприкосновената важност на АСНОМ во  формирањето на македонската државност, потсетувајќи дека Република Македонија како рамноправна држава влезе во Југословенската федерација и како самостојна држава се раздружи од федерацијата, врз основа на правото на самоопределување. Тој укажа на затвореноста на процесот на одлучување во мал круг политичари како и на тајни разговори и преговори за прашања од државно значење.

    Благој Ханџиски го поздрави државничкиот однос на Киро Глигоров и повика на политичко обединување доколку сакаме да ги решиме крупните прашања и да станеме членка на ЕУ.

    Тодор Петров ги сподели предизвиците со коишто се соочувал како еден од најактивните пратеници во првиот повеќепартиски парламент, но и за опструкциите и проблемите што ги имал како претседател на Светскиот македонски конгрес.

    Пратеникот Славе Наумовски, како член на Комисијата за надворешни работи, се осврна на нејзината улога и работа, особено во врска со перипетиите врзани за апликацијата на државата за членство во ООН.

    За пратеничката Ѓулистана Марковска, првиот парламентарен состав бил и останал најдемократскиот досега. Таа изрази жалење од јакнеењето на  партократијата, наместо на демократијата.

    Новинарот Панде Колемишевски ја презентираше важната и посветена работа на медиумите во процесот на осмаостојувањето, изразувајќи очекување да се истражат и разјаснат бројните нејаснотии околу осамостојувањето и независноста од научен и стручен агол.

    Новинарот Александар Чомовски сведочеше за резервираниот однос и очигледен страв на тогашните политичките елити во однос на клучните прашања и одлуки за државата и демократијата во претходните 35 години. Тој укажа на нужноста од научно расветлување на поновата историја, посочувајќи го Институтот за национална историја како квалификувана научно – образовна институција за оваа цел.

    Заедничка порака беше дека денес, по примерот на 1991-та, имаме насушна потреба од обединување и консензус за важните политички прашања од коишто зависи иднината на државата и просперитетот на младите, соопшти кабинетот на претседателката Сиљановска.

    Поврзани вести

    Гаши по повод 8 Септември: Државата не се гради со еден акт, туку секој ден со институции, доверба и одговорност

    07/09/2026

    Семејство Михаилови – нова тема за тензии меѓу Скопје и Софија

    07/09/2026

    Села го демантира Касами дека планира да влезе во Владата

    07/09/2026
    АКТУЕЛНО

    Кај Сиљановска панел за 8 Септември низ призмата на непосредните учесници и сведоци

    07/09/2026

    Гаши по повод 8 Септември: Државата не се гради со еден акт, туку секој ден со институции, доверба и одговорност

    07/09/2026

    Дизелот поскапува за шест, а бензините за три денари за литар

    07/09/2026

    Македонија ќе учествува во генетското пребројување на кафеавата мечка

    07/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Почнуваат 65-тите Струшки вечери на поезијата

    Ова е моментот ЕУ да покаже дека стои зад своите партнери од Балканот, порачува премиерот Мицкоски

    По новогодишната ноќ: 31 пациент на токсикологија, неколку сообраќајки, падови и инцидент со огнено оружје

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.