Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Македонија го одбележува 11 Октомври, денот на народното востание против фашизмот
    Македонија

    Македонија го одбележува 11 Октомври, денот на народното востание против фашизмот

    11/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Македонија денеска го  одбележува еден од најголемите денови 11 Октомври – Денот на народното востание, со кој се одбележува почетокот на вооруженото востание против фашистичкиот окупатор во 1941 година.

    На 11 октомври 1941 година, во Прилеп, партизански групи извршиле напади врз полициската станица и други објекти на бугарската окупаторска власт. Следниот ден, востанички акции започнале и во Куманово. Настаните се сметаат за почеток на организираното вооружено антифашистичко движење во Македонија за време на Втората светска војна.

    По четиригодишната војна, државноста на Македонија била поставена на нови основи со одлуките на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), одржано на 2 август 1944 година.

    Иако 11 Октомври е поврзан со почетокот на антифашистичката борба, независноста на современата македонска држава е поврзана со настаните од 1991 година.

    На 8 септември 1991 година се одржа референдум на кој граѓаните се изјаснија за суверена и независна држава. Според податоците на Собранието, 95,09 проценти од граѓаните што гласале го поддржале осамостојувањето. На референдумот излегле 72,16 проценти од запишаните гласачи.

    На 17 ноември истата година, Собранието го усвои првиот Устав на независна Република Македонија, со што беше заокружен клучен дел од процесот на осамостојување.

    11 Октомври и 8 Септември се два различни историски датуми: првиот го означува почетокот на вооружената антифашистичка борба во 1941 година, а вториот е Денот на независноста, поврзан со референдумот од 1991 година.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Автобус со ученици на екскурзија четири пати се расипал, полицијата го одзема и го прати на технички преглед

    Норис, Верстапен или Пјастри: Епска трка во Абу Даби за титулата во Ф1!

    Европа ќе ја зајакнува сопствената одбрана по најавеното повлекување на американските трупи

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.