Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026

    (Фото/Видео) Ќерката на Коби Брајант дебитира на модната ревија на VS: Конечно го оствари својот сон

    20/10/2026

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Свет»Антикорупциските служби го претресуваат домот на шефот на кабинетот на Зеленски
    Свет

    Антикорупциските служби го претресуваат домот на шефот на кабинетот на Зеленски

    28/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Украинските антикорупциски институции денес извршија претрес во домот на во шефот на кабинетот на Володимир Зеленски, Андриј Јермак, објави Политико.

    Националното биро за борба против корупција (НАБУ) и Специјалното антикорупциско обвинителство (САП) соопштија преку „Фејсбук“ дека спроведуваат „истражни дејства“ во просториите на шефот на Кабинетот на претседателот. Од таму нагласија дека акцијата е дел од тековна истрага и најавија дополнителни информации.

    Овој месец украински пратеници и граѓански организации побараа Зеленски да го отпушти Јермак поради скандал вреден 100 милиони долари во енергетскиот сектор, што го истражува НАБУ. Во аферата е инволвиран и бизнис-партнер близок до претседателот, кој ја напуштил земјата и се сомничи дека бил организатор на коруптивната шема.

    Јермак на „Телеграм“ потврди дека истражителите навистина спроведуваат претрес во неговиот дом.

    „Нема никакви пречки. Даден им е целосен пристап до станот, а моите адвокати се на лице место и соработуваат со службите,“ напиша тој.

    Како еден од најмоќните луѓе во Украина, Јермак е до Зеленски од неговата изборна победа во 2019 година.

    Летово, кабинетот на Зеленски и украинскиот парламент се обидоа да ја намалат независноста на НАБУ и САП и да ги стават под надзор на назначен државен обвинител. Потегот предизвика протести против владата, а по притисок и од ЕУ, Зеленски се повлече од планот.

    Пред две недели, антикорупциските институции соопштија дека ја разбиле организираната криминална група составена од актуелни и поранешни функционери од енергетиката, познат бизнисмен, неколку министри и поранешен заменик-премиер.

    Поврзани вести

    Цените на нафтата скокнаа за повеќе од три долари по израелските напади врз Либан и Иран

    08/06/2026

    Украина погоди руски товарни бродови во Азовското Море

    05/06/2026

    Треба да го спречиме развојот на вештачката интелигенција без луѓе, вели ко-основачот на Антропик

    05/06/2026
    АКТУЕЛНО

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026

    (Фото/Видео) Ќерката на Коби Брајант дебитира на модната ревија на VS: Конечно го оствари својот сон

    20/10/2026

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026

    Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето

    19/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Цана: Тројца пациенти со западно-нилска треска се екстубирани, двајца се во критична состојба

    Николоски: Решение за македонските превозници ќе има

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.