Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето
    Македонија

    Од ноември банките ги менуваат платните налози и ознаките за целта на плаќањето

    19/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Од ноември баките ќе го менуваат платните налози, ознаките за целта на плаќањето и начинот на означување на платежните сметки, но нема да се менува бројот на сметките на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација и посочуваат дека се работи за модернизацијата на платните системи во земјата.

    Од асоцијацијата информираат дека при плаќање, платежната сметка ќе се користи во ИБАН – формат, односно со додавање на ознаката МК07 пред постојниот број на сметката, а приспособувањето во електронското и мобилното банкарство ќе го направат банките.

    Ќе започне и примена на нови, стандардизирани платни налози, кои ќе ги заменат досегашните обрасци ПП10, ПП30, ПП40, ПП50 и ПП53. Новите обрасци ќе се користат и во хартиена и во електронска форма.

    Промена ќе има и кај ознаките за целта на плаќањето, осносно досегашните нумерички шифри ќе бидат заменети со нови четиризнаковни ознаки, со што ќе се овозможи попрецизно наведување на намената на плаќањето и подобра обработка на податоците.

    „Компаниите кои користат автоматизирана размена на налози, сметководствени и или други интегрирани решенија, кај кои може да бидат потребни соодветни приспособувања, ќе бидат информирани од страна на банките, согласно законските рокови и насоките од регулаторот. Промените се дел од процесот на понатамошно стандардизирање и модернизирање на националниот платен промет, подобрување на квалитетот и структурираноста на податоците и создавање услови за поефикасна обработка на платежните трансакции“, велат од МБА.

    Од асоцијацијата апелираа до граѓаните и компаниите да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: И покрај понижувањата на поединци во Брисел, интеграцијата на Македонија во ЕУ не е доведена во прашање

    Пелистер утре ги пушта во продажба билетите за големото дерби со Вардар

    Објавен првиот том од избраните дела на Томислав Османли

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.