Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство
    Македонија

    Премиерот ќе разговара со Кошта како Македонија да влезе во ЕУ, а да не биде допрено македонското достоинство

    29/05/20264 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Премиерот порача дека ставот на државава не е променет и оти ќе се бара решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани. Мицкоски повтори дека нема простор ниту милиметар повеќе да се отстапува идентитетски, зашто, посочи, „оваа држава и граѓаните на Македонија дадоа премногу изминатите децении, а за возврат добивме ништо или многу малку и повторно имаме билатерални барања пред нас“.

    „Со претседателот на Европскиот совет, Кошта, досега имаме исклучително пријателски разговори, разменуваме идеи, мислења. Секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко билатерално барање што го има една земја-членка кон Македонија. Се надевам дека и во таа насока ќе продолжиме и во иднина и сигурен сум дека неговото присуство тука, и за време на нашата билатерална средба, а потоа и на работната вечера, ќе можеме да размениме повеќе идеи, да видиме дали и како може да се да се надмине пречката“, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на трговски центар во Гевгелија.

    Многупати, псоочи премиерот, се кажани македонските позиции и „би било некултурно да се очекува да се промени ставот преку ноќ, бидејќи не се исполнети предусловите што ние очекуваме да бидат исполнети, а кои ги заслужуваме“.

    „За жал, ова е резултат на една национално исплакната ненационална политика на една претходна влада која со своите авантуристички потези создаде состојба во која прво ги разочара своите граѓани, бидејќи граѓаните не сакаат да гледаат влада која, наместо да ги штити националните интереси, е главен промотор на мекотелните политики, посебно принципот на коленичење на меѓународна сцена и себепонижување. И второ, со таквите авантуристички политики дефинитивно го закочи процесот на отпочнување на преговори на нашата земја со ЕУ. Но, ние како Влада нема сега да очајуваме, тоа е што е, таа е ситуацијата, таа е реалноста. Ќе се обидеме да бараме решение кое нема да го допре достоинството на македонскиот народ и македонските граѓани“, рече Мицкоски.

    Не сме подготвени, подвлече премиерот, да влеземе во дополнителна авантура без да има јасно крај на овој процес.

    „Ако е тоа цената што треба да ја платиме, како Влада сме подготвени да работиме, да ги решаваме домашните проблеми, да испорачуваме реформи, да изработуваме тоа што е потребно, а е поврзано со сè она што е објективно барање од страна на ЕУ. Но, за жал, вакви билатерални прашања немаме намера да исполнуваме и желби, посебно после последните изјави на новоизбраниот премиер на нашиот источен сосед којшто гордо кажува дека му требало година дена како претседател на Бугарија, да ги убеди шефовите на држави на земјите членки на Европската Унија дека е потребно да се промени Уставот и оти тоа е само еден обичен почеток. А бидејќи ја знам содржината од разговорот што ја имаше нашиот министер за надворешни работи и надворешна трговија со неговата колешка од Бугарија, можам да кажам дека ова е само еден почеток на сè тоа коешто дополнително ќе следи. Во овој момент немаме намера повеќе ниту милиметар да се поместиме. Ако некој цени дека ние како држава требаме таму и дека ние како држава сме додадена вредност, ние ќе сториме сè да таа шанса ја искористиме и оправдаме, но повеќе отстапки од ваква природа, барем оваа влада додека сум јас премиер, нема да преземе“, изјави Мицкоски.

    Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, од 1 до 5 јуни ќе го посети Западен Балкан за да се сретне со лидерите од регионот и да биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, што ќе се одржи на 5 јуни.

    Како што информираа од Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Кошта ќе разговара за можностите и предизвиците околу проширувањето, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

    „Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто толку реална колку и можноста за проширување. Моментумот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати“, изјавил Антонио Кошта, претседател на Европскиот совет.

    Кошта ќе ги посети шесте партнери од Западен Балкан, почнувајќи во Сараево во понеделник, 1 јуни. Во вторник, 2 јуни, тој ќе биде во Тирана, потоа ќе го посети Скопје, каде ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. Следниот ден, среда, 3 јуни,  Кошта ќе се упати кон Приштина, додека во четврток, 4 јуни, ќе го посети Белград. Турнејата ќе ја заокружи со посета во Црна Гора.

    На 5 јуни, претседателот на Европскиот совет, Кошта, ќе биде копретседавач на самитот ЕУ – Западен Балкан. Главната тема на овој самит е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Новак Ѓоковиќ не играше, а собори уште еден рекорд

    Како се прави оригинална руска салата: Сите ја сакаме, а сепак ја изоставаме клучната состојка

    Вардар 1961 и фановите не забораваат: Време е за расчистување на минатогодишните сметки со Пелистер!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.