Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Јокиќ го прашаа за Шенгун, му засмета една работа: Не сакам луѓето да го прават тоа!

    20/11/2025

    Три знака дека несвесно ги одбивате мажите

    20/11/2025

    Кога се штеди на превенција – последиците се скапи!

    20/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Политичките поделби, нерегулираните социјални мрежи и непрофесионалните медиуми се овозможувачи на ФИМИ за време на изборите
    Македонија

    Политичките поделби, нерегулираните социјални мрежи и непрофесионалните медиуми се овозможувачи на ФИМИ за време на изборите

    19/11/20254 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во организаицја на Фондацијата Метаморфозис, а во соработка со Интернешенал ИДЕА, денеска во Скопје, во рамки на деновите на медиумска писменост, беше презентиран извештајот „Овозможувачи и поттикнувачи на ФИМИ за време на изборите во Северна Македонија“. Документот е изработен според меѓународна методологија која се применува при изработка на слични извештаи во партнерство со организации и во Молдавија, но и во Сенегал и Брегот на Слоновата коска.

    Главната цел на оваа активност е да ги идентификува факторите кои овозможуваат ширење на дезинформации и манипулации преку странско влијание за време на изборни процеси, како и да ги препознае структурните слабости кои ја прават државата ранлива на организирани штетни влијанија.

    Дезинформациите ја рушат довербата во демократијата  

    Кубшу Агравел од Интернешенал ИДЕА објасни дека овој извештај е дел од меѓународен проект за спротивставување на странско мешање во изборите и градење отпорност на општествата.

    „Во повеќе од 20 канцеларии низ светот работиме на изборен интегритет, посебно во контекст на дигитализацијата и сајбер безбедноста. Анализираме што ја прави Северна Македонија цел за влијание и кои стратегии ги користат актерите што сакаат да манипулираат. Дезинформациските кампањи создаваат недоверба во демократските процеси“, рече Агравел.

    Горан Ризаов од Фондација Метаморфозис кој е ко-автор на извештајот заедно со Деспина Ковачевска и Матеј Тројачанец, истакна дека фокусот на извештајот не е толку многу самото странско штетно влијание, туку пред сè, факторите во земјата кои создаваат простор за ширење дезинформации и пенетрација на ФИМИ.

    „Извештајот не се занимава толку многу со странското мешање, колку што се занимава со ‘домашното немешање’, поточно иденттификува кои се слабите страни во општеството кои овозможуваат поттикнуваат ширење на штетно влијание и дезинформации од различни центри на моќ. Тоа се состојби, практики и слабости во системот“, нагласи Ризаов.

    Како групи на овозможувачи, беа истакнати социјалните мрежи, правната и регулаторната сфера, медиумите и новинарството, политичките институции и практики, како и општествено-политичкото и културното опкружување, а пак, како поттикнувачи извештајот ги нотира индустријата за манипулација со информации, економијата на внимание, како и пристапот до странски ресурси и извори.

    Антиродовите наративи – инструмент за влијание 

    Посебен дел од самиот извештај е посветен на родовите прашања, при што Деспина Ковачевска истакна дека голем дел од антиродовите наративи што се појавуваат кај нас се „увезени“ и често се користат како алатка за политичко влијание.

    „Преку родовите прашања се напаѓа и ЕУ. Се пласираат приказни за тоа како во Холандија или Германија децата се ’облекуваат во друг пол’, и дека истото ќе ни биде наметнато ако влеземе во ЕУ. Таквите наративи влијаеја и врз домашните процеси, Законот за родова еднаквост беше повлечен по протестите“, рече Ковачевска.

    Таа додаде дека жените и понатаму се недоволно застапени во политиката, посочувајќи го фактот дека на последните избори имавме само две жени градоначалнички.

    „Жените не добиваат поддршка. Но, родовата еднаквост не се однесува само на жените, треба да се работи и со мажите“, додаде Ковачевска.

    Зборувајќи за социјалните мрежи, таа кажа дека дезинформациите најмногу се шират на ТикТок, Фејсбук, Инстаграм и платформата Х, а регулацијата на социјалните мрежи е речиси непостоечка.

    „Институциите реагираат на коментари со говор на омраза само ако има директно насилство“, кажа таа.

    Медиумите се слаба алка во одбраната од дезинформации  

    Ризаов се осврна и на медиумскиот сектор како еден од најранливите сегменти.

    „Медиумите не се самоодржливи бидејќи немаат доволно средства. Тоа ги прави подложни на политички влијанија, посебно преку државно финансирање, што може да води кон самоцензура“, посочи тој.

    Како пример го потенцираше однесувањето на институциите при трагедијата во Кочани, кога Владата преку соопштение ги подучи медиумите што е тоа новинарска етика, односно дека не смеат да се снимаат и фотографираат моменти од трагедијата.

    Во однос на користењето на вештачката интелигенција, Ризаов кажа дека ВИ сè повеќе се користи во изработка на дневни вести.

    „Не велам дека е тоа лошо, но читателот треба да знае дека содржината е синтетички создадена“, кажа тој, итакнувајќи дека ниските плати, несигурните работни места и економските притисоци создаваат средина во која професионалното новинарство тешко опстојува, што придонесува за пад на довербата во мејнстрим медиумите.

    Матеј Тројачанец од Метаморфозис ги презентираше заклучоците од извештајот и кажа дека борбата против ФИМИ бара координирана соработка меѓу Владата, медиумите, граѓанскиот сектор, академијата и приватниот сектор.

    „Дезинформациите ја загрозуваат демократијата, јавната доверба и аспирациите за евроатлантска интеграција“, истакна тој.

    Како главни препораки наведени во извештајот се: развивање и имплементација на национална стратегија за борба против дезинформации, реформирање на политичкото рекламирање и финансирањето на медиумите, обнова на јавната доверба преку транспарентни институции и медиумска писменост, усогласување на регулативите со Европската Унија, како и зајакнување на законските рамки со меѓусекторска соработка.

    По презентацијата на клучните наоди на извештајот се одржа сесија на дијалог на засегнатите страни, каде како говорници учество земаа Билјана Георгиевска извршна директорка на Советот за етика во медиумите, Емилија Петреска Камењарова од Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги и Ристе Змејковски од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.



    Поврзани вести

    Кога се штеди на превенција – последиците се скапи!

    20/11/2025

    Денес почнува големото судење на 38 обвинети за трагедијата во „Пулс“

    19/11/2025

    Падот на Cloudflare предизвика прекин на голем дел од интернет сајтовите

    18/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.