Шакира беше главна ѕвезда на светската премиера на Zootopia 2 во Холивуд синоќа, а особено внимание привлече кога пристигна во придружба на своите синови, 12-годишниот Милан и 10-годишниот Саша.
Семејството прошета на црвениот тепих пред театарот „Ел Капитан“ во беспрекорно координирани виолетови комбинации воодушевувајќи ги сите присутни.

Познатата 48-годишна пејачка повторно го позајмува својот глас на популарниот лик Газел во новото анимирано продолжение. За оваа посебна пригода Шакира, Милан и Саша носеа облека потпишана од дизајнерката Стела Мекартни.
Нова песна за филмот
Покрај враќањето во својата улога, Шакира сними и нова оригинална песна за филмот, наречена Zoo.
Новото продолжение на популарниот филм Zootopia 2 доаѓа во кината во целиот свет на 26 ноември.
фото: ЕПА

