Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Алиу вели дека Законот за заштита од пушење е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност
    Македонија

    Алиу вели дека Законот за заштита од пушење е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност

    23/04/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Постојниот закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и слабата заштита на младите. Овој закон е дел и од нашите обврски кон Европската Унија, но уште поважно – тој е одговор на реалните проблеми што директно ги чувствуваат работниците, компаниите и семејствата. Суштината е дека тутунот не е само здравствен предизвик, туку и економски товар за нашата државата. Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13 отсто од вкупниот број смртни случаи, со што Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа, со над 170 смртни случаи на 100 илјади жители наспроти европскиот просек од 95 отсто“, истакна министерот Алиу.

    Тој посочи дека, освен здравствениот аспект – економскиот товар е речиси четирипати повисок од вкупните приходи што државата ги собира од акцизите на тутунските производи, односно за секој денар што влегува во буџетот преку акцизи на тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици. Работниците во угостителството, нагласи, се најизложената група на штетните последици од пушењето. Потенцира дека со овие законски решенија чистиот воздух на работното место станува право на секој работник.

    „Воведуваме и принцип на пропорционална одговорност – работодавачот што ги презел сите мерки и го пријавил прекршувањето нема да одговара за туѓото однесување. Во однос на грижите за вработените во угостителскиот сектор, научните сознанија од светски референтни истражувања покажуваат дека сеопфатните забрани имаат неутрален или позитивен ефект врз продажбата во угостителскиот сектор. А истражување спроведено во нашата држава од декември 2025 година покажува дека само 14 отсто од угостителите сметаат дека сегашната регулатива е целосно неефикасна, а околу 50 % се подготвени да се приклучат на иницијативи за средини без чад. Нивните забелешки не се против забраната, туку против нејасните правила и нелојалната конкуренција. Тоа го решаваме со универзални правила за сите. Предвидени се и разумни преодни периоди – шест месеци за изложувањето во малопродажбата и една година за угостителските тераси“, заклучи министерот Алиу.

    The post Алиу вели дека Законот за заштита од пушење е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    Млад жител на тетовско осомничен за сајбер измами, продажба на украдени податоци и детска порнографија

    15/10/2026
    АКТУЕЛНО

    Лани евидентирани 115 лица со мултиплекс склероза, 1.800 активно се лекуваат на клиника

    16/10/2026

    Ново големо ажурирање на „Where Winds Meet“ со нова зона наречена „Qinzhou“

    16/10/2026

    (Видео) Први снимки од бремената Хилари Свонк: Го очекува своето трето дете на 53 години и зрачи од среќа

    16/10/2026

    (Видео) Меси се почести луксузна јахта – погледнете како изгледа

    16/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    САД ќе ги одложат испораките на оружје за некои европски земји поради војната со Иран

    Take a Stroll Through the Pros and Cons of Permanent Eyebrows Tattoos

    Хотелски персонал открива: Седум највалкани работи во хотелските соби

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.