Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Андоновски: Во постапка се пет кривични пријави поднесени од МДТ, но не снимаме апсења
    Политика

    Андоновски: Во постапка се пет кривични пријави поднесени од МДТ, но не снимаме апсења

    14/11/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Во министерството имав случаи на злоупотреби од претходни раководства, и сметав дека е потребно да повикаме на одговорност. Пет од тие пријави веќе се во судска постапка, што значи дека обвинителството ги процесираше со вештачења, анализи и документи. Дел сè уште чекаат да започне постапката“, рече Андоновски.

    Министерот додаде дека методологијата на работа е систематска и без политички притисоци.

    „Не снимавме апсења, не правиме притисок врз соработници на Венко Филипче. Секој предмет се обработува со издржани аргументи и факти и завршува со судски одлуки. Фали динамика кај судството и обвинителството, но борбата против корупција започнува од сопствениот двор“, нагласи Андоновски.

    Тој исто така појасни дека паузите во ИПАРД-фондовите се резултат на внимателна анализа на Министерството за финансии и Владата за евентуални злоупотреби, а не блокади, со цел процесот да продолжи со сигурност и транспарентност.

    Министерот истакна и дека по добиената апсолутна власт од ВМРО-ДПМНЕ, растат и обврските на партијата.

    „Сега одговорноста е само на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните за поплаки имаат само едно име и презиме“, нагласи Андоновски, додавајќи дека ова бара дополнителна реформа и осовременување на партијата.

    Тој посочи дека партиите кои сакаат да ја задржат власта мораат постојано да се обновуваат, како кадровски, така и програмски.

    „Не може да останете исти засекогаш. Затоа е добар овој конгрес за да ги исцрта параметрите за следниот мандат и за следните осум години во кои ВМРО-ДПМНЕ ќе функционира и сигурен сум, ќе ја води државата“, додаде министерот.

    Андоновски истакна дека конгресот, закажан на почетокот на декември, ќе донесе свежина, енергија и нови идеи кои ќе ја зацврстат партијата и нејзината способност да одговори на потребите на граѓаните.

     

    Поврзани вести

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Филипче: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на семејствата на настраданите во модуларната болница

    21/08/2026

    Aмбасадорскиот совет и денеска ќе заседава за задачите на дипломатската мрежа

    21/08/2026
    АКТУЕЛНО

    Во моментов има 20 активни пожари во земјава, критичен е пожарот кај селата Баница и Водоча

    22/08/2026

    Реакција на Тирана откако на фестивал во Пустец не беше интонирана албанската химна

    22/08/2026

    Западно-нилската треска однесе уште еден живот, петта жртва е 73-годишно лице од Аеродром

    22/08/2026

    Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

    21/08/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Џијанг Сјаојан: Стабилни и успешни се билатералните односи меѓу Кина и Македонија

    Муцунски на министерскиoт состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул

    МНР формира кризен штаб за следење на состојбата на Блискиот Исток

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.