Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција
    Македонија

    Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција

    15/10/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Повеќе од 160 доктори, медицински сестри, акушерки, психолози, социјални работници и административен персонал се обучени како да се борат против корупција во здравството, целта беше медицинскиот персонал да ги препознава сите форми на корупција и да се вклучи во нивното спречување, соопштуваат во Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

    „Целта е да се зајакнат знаењата и практичните капацитети на учесниците за професионално и етичко постапување, препознавање на корупциските ризици и различните форми корупција, разбирање на нивната родова димензија, како и соодветно реагирање и користење на механизмите за пријавување. Преку практични примери, дискусии и интерактивна работа, учесниците ги поврзаа овие теми со секојдневната професионална практика, а работеа и на унапредување на професионалните стандарди, еднаквиот третман на пациентите и интегритетот во здравствените установи“, изјави Борјан Павловски од Здружението ЕСЕ.

    Најголем дел од здравствените работници се свесни за присуството на коруптивните практики, но само мал дел од нив реагираат или ги пријавуваат случаите, покажа истражувањето на Здружението ЕСЕ, спроведено на крајот на 2025 година. Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само седум отсто од оние кои имале сознанија за корупција, го пријавиле случајот.

    „Верувам дека за оваа тема треба да се зборува многу повеќе, со цел да се подигне свеста, да се зајакне меѓусебната доверба и здравствените работници сè похрабро да ги препознаваат и пријавуваат сомнежите за корупција. Притоа, од особена важност е да постои ефикасен систем кој ќе ги заштити пријавувачите, ќе обезбеди секоја пријава да
    биде темелно, независно и правично испитана, и кога ќе се потврдат неправилностите, ќе овозможи преземање соодветни мерки за да се спречи повторување на ваквите случаи“, смета д-р Нина Близнаковска Стојковиќ, матичен лекар од Куманово.

    Здравствените работници ја оценија обуката како корисна и применлива во нивната секојдневна работа, особено во делот на препознавање на корупциски ризици, родовите аспекти на корупцијата, сексторцијата, еднаквиот третман на пациентите и механизмите за пријавување и заштита.

    „Голем дел од колегите првпат се сретнаа со некои форми корупција, како сексторцијата, и со тоа полесно ќе можат да ја препознаат и оваа форма на корупција. Корупцијата не е само институционален предизвик, туку и прашање на професионална етика, лична одговорност и доверба. Наша цел е да ја зајакнеме свеста дека секој здравствен работник има важна улога во градењето транспарентен, правичен и одговорен здравствен систем. Борбата против корупцијата е наша заедничка одговорност, а секој пациент заслужува еднаков, правичен и достоинствен третман“, истакна д-р Горан Андонов, специјалист по медицина на труд вработен во ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Панче
    Караѓозов“ Штип.

    Поврзани вести

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026

    Повеќе од 5.000 корисници на социјална помош биле клиенти на Алта банка

    03/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Какви фармерки ќе носиме во 2027 година? Еден модел бележи раст од 1.000 отсто

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    СЗО: Секој четврти тинејџер е физички неактивен, девојчињата се движат помалку од момчињата

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Мицкоски: Со намалувањето на царинските стапки нашите извозници и инвеститори се уште поконкурентни

    10 Outfits Inspired by Famous Art are Sold in London

    „Интер(но)фејс“ на Борис Шемов во „Мала станица“

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.