Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото/Видео) Џеј Ло носеше ѓердан од 74 карати на отворањето на Модната недела во Милано

    23/09/2026

    Ниту една држава не е имуна на изборните дезинформации и не може сама да се бори против нив

    23/09/2026

    Трајков во Брисел: Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава

    23/09/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Трајков во Брисел: Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава
    Политика

    Трајков во Брисел: Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава

    23/09/20263 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    „Македонија останува целосно посветена на европскиот пат и на исполнувањето на неопходните реформи и критериуми. Во исто време, веруваме дека кредибилитетот на процесот на проширување најдобро се зајакнува кога секоја земја кандидат се оценува врз основа на сопствениот напредок и исполнувањето на заеднички договорените европски стандарди. Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес. Тоа е темел за создавање европска држава и за зголемување на довербата на граѓаните во институциите. Истовремено, свесни сме дека пред нас останува значајна работа и сериозни предизвици. Нашиот фокус во наредниот период ќе биде јасен: подобра имплементација, посилни институции и конкретни и одржливи резултати“, кажа Викторија Трајков, на дискусијата на Советот на општи работи на ЕУ .

    Истакнувајќи ја посветеноста кон продлабочување на реформите во областа на владеењето на правото, Трајков потенцираше дека во изминатиот период се направени значајни чекори во сите области опфатени со Извештајот за владеење на правото за нашата земја.

    „Нашиот пристап е јасен – реформите не ги спроведуваме само заради исполнување на формални критериуми, туку пред сè заради нашите граѓани, со цел да обезбедиме стабилна, просперитетна и европска иднина. Во областа на правосудството, продолживме со спроведување на реформите насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и ефикасноста на судството и обвинителството. Во оваа насока, презедовме и законодавни и институционални чекори за унапредување на правосудниот систем и негово понатамошно усогласување со европските стандарди“, рече заменик-министерката Трајков, додавајќи дека целта е натамошно јакнење на институционалните капацитети, човечките ресурси и условите за независно и ефикасно функционирање на правосудните институции.

    Говорејќи за борбата против корупцијата, таа нагласи дека се продолжило во насока на зајакнување на превентивните и институционалните механизми, со посебен фокус на транспарентноста, интегритетот и отчетноста на јавните институции и дека новата Национална стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026–2030 претставува значаен чекор во оваа насока.

    „Донесовме и унапредивме законски решенија, со цел да се зајакне системот за превенција и борба против корупцијата и да се создадат поефикасни механизми за постапување во случаи на организиран криминал и корупција. Воедно, спроведуваме реформи во казнената политика со цел поефикасно откривање, процесуирање и санкционирање на овие кривични дела, во согласност со европските стандарди“, истакна Трајков.

    Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков се осврна и на пристапниот процес, оценувајќи дека тој треба да продолжи да се темели на јасни, објективни и предвидливи критериуми.

    „Добрососедските односи и отворениот дијалог се суштински дел од европскиот проект и ние остануваме посветени на нивното унапредување. Сметаме дека отворените прашања најдобро се решаваат преку дијалог, взаемно почитување и европски дух. Веруваме дека токму таквиот пристап ја прави политиката на проширување посилна и покредибилна и испраќа јасна порака дека реформите, постигнатите резултати и исполнувањето на европските стандарди се основата на патот кон членството во Европската Унија“, заклучи заменик-министерката за европски прашања Трајков на крајот од своето обраќање.

     

    Поврзани вести

    Во Македонија приведен е поранешен припадник на ОВК по српска потерница, по испрашувањето е ослободен

    23/09/2026

    Mицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Во евроинтегративниот процес ние сме жртва на еден вид малтретирање

    22/09/2026

    Мицкоски се сретна со бизнис-претставници од воената индустрија на САД

    21/09/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото/Видео) Џеј Ло носеше ѓердан од 74 карати на отворањето на Модната недела во Милано

    23/09/2026

    Ниту една држава не е имуна на изборните дезинформации и не може сама да се бори против нив

    23/09/2026

    Трајков во Брисел: Владеењето на правото не е само дел од преговарачкиот процес, тоа е темел за создавање европска држава

    23/09/2026

    Емотивна објава на Синди Крафорд два месеца пред смртта на нејзиниот син: „Горда сум на човекот што си“

    23/09/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Торонто игра одлично на стартот на сезоната (ВИДЕО)

    Мојсов: Респект за Шкендија, но ќе сториме сѐ бодовите да останат во Кавадарци

    „Музика.Сега!“ со Александар Гордон и Емил Табаков

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.