Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски
    Македонија

    ЗНМ со остри реакии на повторувачките онлајн закани кон новинарот Александар Видиновски

    14/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) испратило допис до Министерството за внатрешни работи (МВР) поради повторувачките онлајн закани, навреди и притисоци врз новинарот и уредник на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски, барајќи надлежните институции да посветат соодветно внимание на случајот.

    Во реакцијата објавена на 13 октомври, ЗНМ изразува загриженост поради новите реакции на социјалните мрежи насочени кон Видиновски, кои, според здружението, содржат закани, лични дисквалификации и омаловажувачки квалификации. Од ЗНМ оценуваат дека повторувањето на ваквите напади укажува на континуиран притисок врз новинарот и придонесува за создавање непријателска атмосфера кон новинарската професија.

    Од здружението прават разлика меѓу критиката на новинарската работа, која е легитимен дел од јавната дебата, и личните напади и обидите за дискредитација. Според ЗНМ, ваквите содржини може да поттикнат дополнителни негативни реакции, вклучително и говор на омраза.

    Во дописот до МВР, упатен до контакт-точката надлежна за пријави од ваков карактер, ЗНМ бара институциите да ги разгледаат приложените содржини, земајќи ја предвид повторливоста на нападите врз Видиновски.

    Ова не е првпат новинарот да биде изложен на сериозни онлајн напади. Во февруари годинава, ЗНМ реагираше откако Видиновски се соочи со навреди, омаловажувања и смртни закани по објавување видео на социјалните мрежи за непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Бугарија во Скопје. Тогаш здружението соопшти дека содржините вклучувале навредливи и шовинистички пораки, како и директни закани по животот на новинарот. Случајот бил пријавен во МВР, а ЗНМ му обезбедило и правна помош на Видиновски.

    Повторувањето на заканите кон истиот новинар го отвора прашањето за ефикасноста на институционалното постапување во случаи кога нападите продолжуваат и по претходни пријави. Онлајн заканите не се ограничени само на навредливи коментари, особено кога содржат експлицитни пораки за насилство или смрт и кога можат да влијаат врз личната безбедност на новинарите и нивната можност непречено да ја вршат професионалната работа.

    За поширокиот контекст, ЗНМ во годишниот извештај за безбедноста на новинарите за 2025 година, објавен во јули 2026, ги посочува онлајн заканите, говорот на омраза и јавните дискредитации како проблеми што и натаму ја загрозуваат безбедноста на новинарите. Извештајот предупредува и на пораст на онлајн вознемирувањето и сексистичките напади врз новинарките.

    Поврзани вести

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026

    ЕК: Граѓаните плаќаат до 42 отсто од здравствените трошоци од свој џеб, расте бројот на заболени од рак

    05/11/2026

    ЕК: Нема напредок во квалитетот на воздухот, Рашче останува под закана, индустријата директно ги загадува реките

    04/11/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Џенифер Лопез откри: Разводот од Марк Ентони беше многу тежок период

    Поради полуфиналето на ЕП, Вардар 1961 доби нов термин за мечот со Слован

    Кој хороскопски знак има најмалку среќа во животот?

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.