Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека, засега, не разгледува договор што би ѝ дозволил на Украина да добие ракети „Томахавк“ со долг дострел за употреба против Русија.
Трамп посочи дека не сака да ја ескалира војната, но додаде и дека може да се предомисли.
Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, разговараа за идејата за „Томахавк“ кога се сретнаа во Белата куќа на 22 октомври. Руте во петокот изјави дека прашањето е во фаза на разгледување и дека САД треба да одлучат.
Ракетите „Томахавк“ имаат дострел од 2.500 километри доволно долг за да удрат длабоко во Русија, вклучително и во Москва.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги побара ракетите, но Кремљ предупреди против какво било обезбедување „Томахавк“ за Украина.

