Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Четири пијалоци кои придонесуваат повеќе за здравјето на цревата од комбухата

    25/11/2026

    Фирми со сметки во Алта банка од денеска ќе можат целосно да располагаат со парите доколку доаѓаат од сметки во други банки

    25/11/2026

    Протестен марш против насилството врз жените на „Ниту една повеќе“ денеска во паркот „Жена борец“

    25/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Повторно уапсена жената која незаконски наплатуваше билети на локалитетот „Камени кукли“ во Кратово
    Македонија

    Повторно уапсена жената која незаконски наплатуваше билети на локалитетот „Камени кукли“ во Кратово

    28/10/20261 Min Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Полицијата во Кратово вчера повторно ја уапсила С.Д.Б.(41) од Кратово, заради тоа што се обидела да наплати билети за влез во локалитет „Камени кукли“. Таа им се заканувала на Р.П. и Ј.Б. од Скопје, по што интервенирала и полицијата. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

    С.Д.Б. веќе има неколку кривични пријави за незаконска наплата на влезници во локалитетот во кратово, меѓу кои и од Општината. Таа беше приведена и претходно во август, откако имаше пријава против неа дека нападнала повеќе посетители на локалитетот Куклица.

    Случајот со незаконската наплата на билети за влез во локалитетот трае повеќе од две години, но го доби вниманието на јавноста во јуни годинава кога имаше неколку пријави дека посетители се соочиле не само со незаконска наплата, туку и со закани и со физички напади. Според нивните сведочења, уапсената, заедно со членови на нејзиното семејство го узурпирала пристапниот пат до локацијата, а незаконски владеела и со објекти заради што Општината Кратово поднесела кривични пријави за узурпација на недвижности.

    Поврзани вести

    Фирми со сметки во Алта банка од денеска ќе можат целосно да располагаат со парите доколку доаѓаат од сметки во други банки

    25/11/2026

    Протестен марш против насилството врз жените на „Ниту една повеќе“ денеска во паркот „Жена борец“

    25/11/2026

    Набавени нови вакцини против сезонски грип, над 23.000 граѓани добија термин за вакцинација

    23/11/2026
    АКТУЕЛНО

    Четири пијалоци кои придонесуваат повеќе за здравјето на цревата од комбухата

    25/11/2026

    Фирми со сметки во Алта банка од денеска ќе можат целосно да располагаат со парите доколку доаѓаат од сметки во други банки

    25/11/2026

    Протестен марш против насилството врз жените на „Ниту една повеќе“ денеска во паркот „Жена борец“

    25/11/2026

    Се ближи крајот на годината: Ова е најсреќниот ден за секој хороскопски знак во декември

    25/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Четири знаци од 5 април влегуваат во нов живот: Крај на сите страдања – го заслужувате тоа

    Што се случува со Каби Ламе, лажни вести за неговата смрт се шират на интернет

    Гогов: Чест е да се биде дел од репрезентацијата – одиме по пласман на Светско!

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.