Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    Американскиот обвинител под притисок по наредбата за истрага на демократите

    15/11/2025

    Сака бара договор со кој ќе остане во Арсенал до крајот на кариерата

    15/11/2025

    Судскиот совет, Врховниот суд и Здружението на судии испратија заедничка реакција до премиерот за неговите коментари

    15/11/2025
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Demos
    • Tech
    • Gadgets
    • Buy Now
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Политика
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Политика»Уште пет дена кампања, најавени се кадровски промени во СДСМ
    Политика

    Уште пет дена кампања, најавени се кадровски промени во СДСМ

    27/10/20255 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Изборните тимови на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вчера беа во Брвеница каде лидерот Христијан Мицкоски, меѓу останатото, реториката на кандидатот за градоначалник од  коалицијата Вреди, Хаќим Рамадани ја оцени како „голема грешка пред се за кандидатите за градоначалници од таа коалиција“.

    „Замислете што ќе се случува сега во Тетово, во Струга, во Дебар и во одредени други општини. Така што, толку себичен потег од политичар во поновата историја Македонија не видела. Да влегува да мисли само за себе и својот кусоглед интерес, а притоа да ги занемари сите останати, кои што, исто така, се борат во вториот круг за градоначалнички мандат“, изјави Мицкоски.

    И претставниците на меѓународната заедница, како што рече, со кои зборувал многу сериозно, гледаат со големо жалење и просто со неверување за тоа што слушаат дека некој во 21 век, може да користи таков речник.

    Тој најави дека Рамадани ќе биде разрешен од актуелната функција и порача дека неговата лична и поддршката на Владата ја имаат сите оние коишто работат на иднината на државава, без разлика на етничката, верската или политичката припадност или неприпадност.

    Прашан за поддршката со коалицијата Вреди во вториот круг, Мицкоски, посочи дека таа коалиција испратила соопштение дека не го поддржува Фатмир Дехари во Кичево.

    „Го слушав Фатмир Лимани, кој што апсолутно не повика да се гласа против кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево. Второ, коалицијата Вреди испрати соопштение дека не го поддржува Фатмир Дехари, како кандидат за градоначалник во Кичево. Но, еве и јас ги повикувам Албанците коишто се во Кичево, но и кичевчани коишто ќе ја слушаат оваа изјава, да размислат после сето она што го слушнавме, за човекот што ги уценува нивните внунки и нивните ќерки, дали треба да го дадат гласот за него, и дали е тој достоинствен кандидат за иден градоначалник на Кичево. И жалам, што здруженијата на мајки и женските здруженија, кај Албанките, не излегоа со осуда и со згрозување да го коментираат тоа што го слушаа за овој кандидат и кој што се обидува повторно да биде градоначалник на Кичево“, изјави Мицкоски.

    Тој повтори и дека не сака да има предвремени парламентарни избори, а на политичарите од опозицијата кои повикуваат на тоа, им порача „да се однесуваат со одговорност, затоа што понекогаш тоа што го посакуваат може и да им се случи, па после да не биде лелекање“. Мицкоски најави дека по локалните избори се подготвуваат за партискиот конгрес, кој што ќе се одржи на 6-ти декември во Кавадарци.

    Изборниот карван на ВМРО-ДПМНЕ вчера беше и во скопски Карпош, за поддршка на Сотир Лукровски за градоначалник во оваа општина, каде исто така беше побарано да се излезе масовно на гласање и како што беше речено, да заврши бетонизацијата и актуелниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски да стане минато.

    Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Мирослав Лабудовиќ, пак, на неформална кафе-средба со премиерот Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски, како што информирапе ЗНАМ, добил јавна и целосна поддршка од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ за гласањето в недела.

    Противкандидатот на Лабудовиќ и актуелен градоначалник на Центар Горан Герасимовски, најави дека во вториот мандат ќе се спроведе хортикултурно и партерно уредување на потегот од Зеленото пазарче до ул. „Македонија“.

    „Поставуваме нова изолација за спречување на течење на вода во подземните гаражи, а целата површина ќе добие нови плочки, зеленило на 2.400 квадратни метри, модерно ЛЕД осветлување и урбана опрема. Поставуваме и нови детски реквизити, кошаркарско игралиште со нова подлога и систем за наводнување. Нема пробивање на нова улица. Просторот ќе биде ограден и разубавен, зелен, достапен и отворен за граѓаните. Рокот за целосно завршување на уредувањето е мај 2026 година“, изјави Герасимовски.

    Опозициската СДСМ, како што изјави лидерот Венко Филипче, одлуката за коалиции во вториот круг ќе ја донесе до задутре. Етничката припадност, уверува Филипче, нема да биде критериум.

    „Мултиетничкиот карактер на државата и добрите меѓуетнички односи мора да останат приоритет, СДСМ до среда ќе одлучи со кого ќе коалицира или поддржи за вториот круг“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од штабот на партијата во општина Аеродром од каде порача дека нивниот кандидат Александар Трајановски влегува во вториот круг со силна поддршка и јасна визија за општината.

    Филипче најави и кадровски промени во раководството на партијата по завршувањето на локалните избори. Тоа, како што рече, се должи на резултатот на изборите во првиот круг особено во некои скопски општини. Кажа и дека се соочувале со притисоци пред гласањето, во општините каде што имаат нивни кандидати за градоначалници, како што рече, во вид на финансиски контроли, преку центри за социјална работа, нудење пари за гласови и за сето тоа ги известиле надлежните институции и оти поради тоа работеле во тешки околности.

    По истекот на рокот за пријавување на болни и немоќни лица за гласање, ноќеска завршува и рокот за пријавување на лицата во домашен притвор. Овие лица, како и затворениците и лицата во старските домови гласаат еден ден пред изборите односно на 1 ноември.

    Првиот круг од локалните избори се одржа на 19 октомври и завршени се во 43 општини. Повторно гласање ќе има во Гостивар, Маврово и Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа каде немаше доволна излезеност. Датумот за ова гласање дополнително ќе се утврди.

    The post Уште пет дена кампања, најавени се кадровски промени во СДСМ appeared first on МКД.МК.

    Поврзани вести

    Димитриеска-Кочоска: Се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството

    14/11/2025

    Николоски: Полека го комплетираме патниот коридор 8

    14/11/2025

    Андоновски: Во постапка се пет кривични пријави поднесени од МДТ, но не снимаме апсења

    14/11/2025
    АКТУЕЛНО
    8.5

    Apple Planning Big Mac Redesign and Half-Sized Old Mac

    05/01/2021

    Autonomous Driving Startup Attracts Chinese Investor

    05/01/2021

    Onboard Cameras Allow Disabled Quadcopters to Fly

    05/01/2021
    Најчитани
    9.1

    Review: T-Mobile Winning 5G Race Around the World

    8.9

    Samsung Galaxy S21 Ultra Review: the New King of Android Phones

    8.9

    Xiaomi Mi 10: New Variant with Snapdragon 870 Review

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Home
    • Tech
    • Gadgets
    • Mobiles
    • Buy Now
    © 2025 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.