Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Фото) Пет модни трендови за постудените денови: Стилист на славните открива што ќе носиме – а што ќе исфрлиме од употреба

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026

    Кривична пријава за екс директор на Пошта затоа што не платил долгови кон две компании

    20/10/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Коалиција за зелена иднина: Скопје треба да биде достоинствен град за живеење, а не за преживување
    Македонија

    Коалиција за зелена иднина: Скопје треба да биде достоинствен град за живеење, а не за преживување

    11/10/20252 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Скопје мора да стане град без бариери, не од милост, туку од системско функционирање. Пристапни тротоари и автобуси, услуги што ги опфаќаат сите. На инклузијата не треба да се гледа како на трошок, туку како мерка за достоинството на градот“, порача Ана Карајанова-Димитрушева, носителка на листата за Град Скопје.

    Ана Карајанова-Димитрушева, носителка на листата за Град Скопје рече дека градот мора да стане град без бариери, не од милост, туку од системско функционирање.

    „Пристапни тротоари и автобуси, услуги што ги опфаќаат сите. На  инклузијата не треба да се гледа како на  трошок, туку како мерка за достоинството на градот,“ порача Карајанова-Димитрушева.

    „Етичката политика значи хуман град каде што јавниот интерес е над личниот профит. Време е Советот на градот да работи со интегритет и знаење,“ изјави проф. д-р Ана Угринска.

    „Нашата визија за Центар е јасна, а тоа е транспарентност за секој потрошен денар и нула толеранција кон корупција. Центар треба да биде пример за чесна и зелена општина,“ нагласи проф. д-р Антони Новотни.

    „Во Карпош сакаме да воведеме ред и ефикасност, урбан развој што ќе го стави човекот пред бетон.  На Карпош потребен му е Совет што ќе одлучува според податоци, јасни рокови и јавен интерес, а не според импровизации и привилегии“, изјави Александар Анѓушев, носител на листата за Карпош.

    Од страна на Коалицијата за зелена иднина на граѓаните во градскиот парк во Скопје им беше порачано дека борбата за праведен, еколошки и инклузивен град е борба за достоинство, а не за власт. Скопје и неговите општини заслужуваат совети кои ќе водат грижа за заедницата, а не за нечии тесни интереси. Изборот на бројот 8 на 19 октомври значи избор на чесност и знаење.

    „Културата и јавниот простор се дел од инфраструктурата на градот. Кога уметноста и зеленилото се враќаат меѓу луѓето, тогаш Скопје повторно добива пулс,“ рече Љубица Шопова, кандидатка за советник во Општина Карпош.

     

    Поврзани вести

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026

    Кривична пријава за екс директор на Пошта затоа што не платил долгови кон две компании

    20/10/2026

    Цената на дизелот се зголеми за два денари, бензините поевтинуваат

    19/10/2026
    АКТУЕЛНО

    (Фото) Пет модни трендови за постудените денови: Стилист на славните открива што ќе носиме – а што ќе исфрлиме од употреба

    21/10/2026

    Раѓање повеќе деца или увоз на странски работници, според премиерот Мицкоски, се опциите за одржување на растот на македонската економија

    20/10/2026

    Кривична пријава за екс директор на Пошта затоа што не платил долгови кон две компании

    20/10/2026

    Сушите облека во станот? Експертите предупредуваат на скриена опасност

    20/10/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Граѓаните да не се грижат, имаме механизми доколку кризата продолжи, тврди премиерот

    Промоција на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски

    Мицкоски за најавената реконструкција: Се менуваат и ресори и приоритети

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.