Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Култура»Промоција на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски
    Култура

    Промоција на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски

    15/05/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Во петок 15 мај, 2026 година со почеток во 20 часот, во КСП Центар-Јадро  ќе се одржи промоција на тукушто излезеното издание на монографијата „Историја на Галичник“ од Дамјан Бужаровски.

    Монографијата ја издаде Темплум, а  графичкото уредување беше на авторот. На настанот ќе говорат рецензентите: проф. д-р Димитрије Бужаровски м-р Владимир Таневски, а ќе биде прикажано и кратко видео кое ќе се движи низ страниците од монографијата покрепено со аудио од изворна музика од регионот.

    Монографијата на 347 страни започнува со географските податоци за Галичник и регионот, за потоа да го обработи потеклото на Мијаците, и да премине на формирањето на Галичник во предосманлискиот период. Следуваат делови кои го прикажуваат Галичник во османлискиот период преку прегледи на податоците од турските дефтери. Посебно детално се обработени XIX и XX век до 1945 година, со голем број податоци за животот, економијата, занимањата, трговијата, учеството на галичаните во војните од овој период итн. Не помалку интересни се и прилозите за арамиството во истиот период, мијачкиот дијалект и таен јазик, биографиите на илинденци, членови на МРО од Галичник и учеството во НОБ. Во бројните прилози е и списокот на галичките презимиња, како и речникот на турцизми, архаизми и помалку познати зборови. Се’ на се’ една извонредно богата монографија со редок библиографски и фотографски материјал.

    Дамјан Бужаровски работи во архивското одделение на Народна банка на РСМ, има магистрирано на Економскиот факултет (монетарна економија) и Филозофскиот факултет (историја), каде во моментов е на докторски студии.

    Поврзани вести

    Љутков-Раев: Во наредниот период треба да се пристапи кон реализација на конкретни проекти и активности кои ќе придонесат за унапредување на културната размена

    10/07/2026

    На 12 јули започнува 66. „Охридско лето“

    10/07/2026

    Изложба на Роберт Цветковски и Архикс Студио во КИЦ Белград

    10/07/2026
    АКТУЕЛНО

    „Добро сум“: Првата реакција на Расел Бренд по пресудата за силување

    06/11/2026

    Објавени конечните резултати од изборите во Србија, Студентската листа освои 140, а „Единствена Србија“ 103 пратеници

    06/11/2026

    Готвач добил отказ бидејќи одбил да стави ананас на пица: „Тоа е навреда за мојата култура“

    06/11/2026

    ДЗР: Железницата плаќа милиони евра за неискористени кредити, а Коридорот 8 доцни со години

    05/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Животот ќе им се промени на подобро: четири хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

    Четири хороскопски знаци кои ќе имаат најголема среќа на пролетната рамноденица

    Поради компликации од грип почина 75 годишна жена на Инфективната клиника

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.