Close Menu
Rabrovo
    Актуелно

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Facebook X (Twitter) Instagram
    RabrovoRabrovo
    • Почетна
    • Македонија
    • Економија
    • Култура
    • Спорт
    • Регион
    • Свет
    • Магазин
    Rabrovo
    Home»Македонија»Кривична пријава за екс директор на Пошта затоа што не платил долгови кон две компании
    Македонија

    Кривична пријава за екс директор на Пошта затоа што не платил долгови кон две компании

    20/10/20262 Mins Read
    Facebook Twitter WhatsApp Email

    Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против поранешниот генерален директор на АД „Пошта на Северна Македонија“, Ј.М., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што наведуваат оттаму, пријавата е поднесена зашто не постапил по одлуките за исплата на долгови кон две фирми, па како последица на тоа, на Пошта ѝ била предизвикана штета од речиси 11 милиони денари по основ на казнени камати.

    Кривичната пријава, како што инфомираат во Финансиаката полиција е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено во член 353 од Кривичниот законик.

    „Во периодот од 2021 до 2022 година, пријавениот, постапувајќи спротивно на Статутот на друштвото и Законот за трговските друштва, не презел дејствија за реализација на одлуки и заклучоци на Управниот одбор за исплата на парични обврски кон два правни субјекта во вкупен износ од 19.292.984,00 денари“, наведено е во соопштението.

    Во него се додава дека и покрај тоа што на Ј. М. му биле доставени потребните документи за исплата, пријавениот не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.

    „Со ваквото постапување овозможил против друштвото да бидат поведени судски постапки, по што со судски пресуди биле утврдени обврски за плаќање казнена камата. На овој начин, на АД „Пошта на Северна Македонија“ ѝ била предизвикана вкупна штета од 10.968.483,00 денари по основ на казнена камата“, се додава во соопштението.

    Поврзани вести

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    Има истраги, но нема казни: ЕУ ја критикува Македонија за резултатите во борбата против корупцијата и Кривичниот законик

    10/11/2026

    Средба на амбасадорот Рокас и министерот Шасивари: Препораките за реформи во правосудството мора да се реализираат

    10/11/2026
    АКТУЕЛНО

    (Видео) Бигорот исчезнува за миг: Вашата туш-кабина ќе блесне со помош на еден производ

    11/11/2026

    Речиси двојно повеќе заболени од грип за една недела, вакцинацијата засега со приоритет за ризичните граѓани

    11/11/2026

    (Видео) Сè повеќе луѓе користат еден трик пред да ја вклучат машината за миење садови

    11/11/2026

    Почна Парискиот мировен форум со посебен фокус на правата на децата

    10/11/2026
    НЕ ПРОПУШТАЈ

    Откриена криминална група што оперирала во Македонија, Грција и Шпанија

    Сомнителни нови градби во Скопје, Билјана Ивановска: Агресија врз зелените површини, апетитите за високи профити се во пораст

    Францускиот амбасадор Ле Риголер: Спроведувањето на компромисот и реалните реформи се клучни за напредокот кон ЕУ

    Advertisement
    Demo
    Facebook X (Twitter) Instagram YouTube
    • Почетна
    • Технологија
    • Додатоци
    • Мобилни
    © 2026 Rabrovo. Designed by MKNET.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.